Канцеларија на Креативна Европа потпрограма Култура

Канцеларија на Креативна Европа потпрограма Култура

Канцелариите на „Креативна Европа“ (Creative Europe Desks) го администрираат спроведувањето на програмата во земјите квалификувани за учество во неа. Нивната улога е да ја промовираат програмата на национално, регионално и на европско ниво.

Координативно тело за спроведување на програмата „Креативнa Европа (Култура и МЕДИА)“ во Република Македонија е Министерството за култура.

Одделението за „Креативна Европа – потпрограма Култура“ при Секторот за европски интеграции и креативни индустрии е одговорно за спроведување на оваа потпрограма.
Канцеларијата за „Креативна Европа – потпрограма Култура“ има цел да го олесни пристапот до потпрограмата Култура на што поголем број професионалци и оператори од областа на културниот и на креативниот сектор.

Врз основа на Договорот меѓу Министерството за култура и Агенцијата за филм, по вклучувањето на нашата земја во потпрограмта „МЕДИА“, во Агенцијата за филм е формирана Канцеларија за „Креативна Европа – потпрограма МЕДИА“.

Канцеларијата за „Креативна Европа“ (потпрограми „Култура“ и „МЕДИА“) е кофинансирана од: Европската комисија, Министерството за култура (потпрограма Култура) и Агенцијата за филм (потпрограма МЕДИА).

Наши задачи и активности

Канцеларијата за „Креативна Европа – Одделение за потпрограма Култура“ обезбедува практични информации, совети, техничка помош и друг вид поддршка за потенцијалните апликации во процесот на подготовка на проект за потпрограмата „Култура“ во периодот 2014 – 2020 година.

Поддршката ја обезбедуваме преку:

  • организирање инфоденови, работилници, семинари и други видови настани кои се однесуваат на генерални или конкретни аспекти од потпрограмата „Култура“;
  • промоција на успешните проекти кофинансирани од потпрограмата „Култура“;
  • техничка помош за подготовка на апликациите за проекти;
  • посредување во процесот на барање партнери и вмрежување со организации од Европа и пошироко со цел креирање копродукциски проекти со европска димензија;
  • медиумска и друг вид промоција на успешните проекти од потпрограмата.