Проекти за книжевни преводи

Проекти за книжевни преводи

Поддршката на ЕУ за литературни преводи е насочена кон зголемување на знаењето за литературата и литературното наследство на другите Европејци. Апликациите од поединечни издавачи и издавачки куќи за превод на книжевни дела од еден европски јазик на друг се подобни според оваа шема. Особено се охрабруваат преведувањето и промоцијата на книгите за кои авторите ја добија наградата ЕУЛЛ (награда за литература на ЕУ).

Издавачите и издавачките куќи може да аплицираат за финансирање за:

  • превод на литературна дела, вклучувајќи романи, раскази, драми, поезија, стрипови и детска литература (хартиени или дигитални формати);
  • преведување извадоци од дела со цел да се поттикнат правата за продажба на преведени дела;
  • организирање настани, маркетинг и дистрибуција за промовирање на преведените дела.

КАТЕГОРИЈА 1 – ДВЕГОДИШНИ ПРОЕКТИ

Повикот за оваа категорија се објавува секоја година до 2020 година. Максималното времетраење на проектите во оваа категорија е две години. Кандидатите може да поднесат барање до 100 000 евра, што треба да претставува најмногу 50% од оправданите трошоци, а преостанатите 50% од трошоците треба да се обезбедат преку други извори.

КАТЕГОРИЈА 2 – РАМКОВНО ПАРТНЕРСТВО

Следниот и последен повик под оваа категорија ќе биде објавен во 2018 година и ќе се однесува за договор во времетраење од три години. Максималниот грант по доделена апликација ќе изнесува 100 000 евра годишно, што треба да претставува најмногу 50% од прифатливите трошоци, а преостанатите 50% од трошоците треба да се обезбедат од други извори.

КАКО СЕ АПЛИЦИРА?

Доколку имате какви било прашања во врска со вашата апликација, ве молиме контактирајте го Одделението за Креативна Европа на Македонија (во Секторот за европски интеграции, Министерство за култура на Република Македонија).

Телефон: 02 3 207 446

Е –адреса: biljana.prentoska@ced.mkdejan.kotevski@ced.mk.