08.05.2019 - Oтворени повици

Дигитално поврзување на културата и аудиовизуелните содржини

Рок: 20/06/19 – 12:00 (CET/CEST, Brussels time)

Во рамките на меѓусекторската пот-програма (Cross Sector Strand) Креативна Европа отвора повик „Дигитално поврзување на културата и аудиовизуeлните содржини“ / Bridging culture and audiovisual content through digital. Поддршка ќе се даде на проекти кои поттикнуваат иновативни алатки за полесен пристап, дистрибуција, промоција и монетизација на културата, креативниот сектор и културното наследство, како и на проекти кои нудат нови форми за поврзување на различни креативни сектори (вклучувајќи го и аудиовизуелниот сектор).
На овој повик може да аплицира конзорциум составен најмалку од 3 правни лица, од 3 различни земји дел од програмата Креативна Европа.
Вкупниот буџет за овој повик е 1.75 милиони евра, ко-финансирањето од Креативна Европа е максимум 60%, а минималниот грант со кој може да аплицирате е 150.000 евра. Повеќе детални информации погледнете тука. 

Упатство за аплицирање тука.