26.02.2020 - Новости

„Script2Screen Lab” во Скопје

Креативна Европа МЕДИА Деск МК во соработка со Агенцијата за филм на Република Северна Македонија организира петдневна работилница за развој на сценарио Script2Screen Lab” предводена од реномирани интернационални експерти (ментори од MFI-Mediterranean Film Institute), која е наменета и дизајнирана за македонски проекти во развој.

За работилницата

Script2Screen Lab” е интензивна работилница за развој на сценарија која преку процесот на анализа (script analysis) и ревизија (revision) има цел да придонесе кон подобрување на сценаријата, нивната уметничка вредност и продукциски потенцијал.

Рок за аплицирање: 25, март 2020

Повикот и условите за аплицирање преземете ги тука