Програмата Креативна Европа 2021-2027 претставува континуирана посветеност на Европската Унија за поддршка и поттикнување на културните и креативните сектори низ Европа
По објавувањето на повикот за поднесување предлог-проекти, со рок за аплицирање до 15 јануари 2026 година, избран е нов конзорциум што ќе ја спроведува следната фаза од програмата Изведбена Европа (Perform Europe) – иницијатива на Европската Унија која поддржува одржливи и инклузивни модели на гостувања и дистрибуција во областа на изведувачките уметности.
Во рамките на повикот за домаќини на резиденции на програмата Културата ја движи Европа (Culture Moves Europe) за периодот 2025 – 2026 година, што беше отворен од 15 декември 2025 до 16 март 2026 година, од вкупно 1 326 пристигнати пријави од 38 земји учеснички во програмата Креативна Европа, беа избрани 150 проекти за резиденции.
Од 13 до 16 мај 2026 година во Нови Сад, Србија, се одржа второто издание на Контемпорари денс шоукејс/Contemporary Dance Showcase на платформата Мувинг Балканс/Moving Balkans што е финансиски поддржана од програмата „Креативна Европа“.