Европски платформи

Европски платформи

Овој дел од финансирањето е за поддршка на европските платформи со кои се овозможува да се промовираат новите таленти и да се стимулира програмирање на културни и уметнички активности низ цела Европа.

Координативните субјекти кои имаат минимум 10 организации од најмалку 10 различни земји учеснички имаат право да аплицираат. Кандидатите можат да бараат до 500 000 евра годишно, што треба да претставува најмногу 80% од прифатливите трошоци. Преостанатите 20% од трошоците мора да се обезбедат од други извори.

Главните цели на „Поддршката на европските платформи“ се кофинансирање активности насочени кон:

  • поттикнување на развојот на новите таленти и стимулирање на транснационалната мобилност на луѓе од културниот и од креативниот сектор и циркулација на дела;
  • зголемување на препознатливоста на уметниците и креаторите со силна посветеност во однос на европското програмирање преку комуникациски активности и стратегија за брендирање и создавање европска ознака за квалитет.

Повиците за аплицирање за оваа категорија се затворени до 2020 година.