Европски проекти за соработка

Европски проекти за соработка

– Овој дел од финансирањето служи за да ги поддржи транснационалните проекти кои вклучуваат соработка меѓу организации од различни земји кои ги исполнуваат условите за аплицирање.

КАТЕГОРИЈА 1 – ПРОЕКТИ ЗА СОРАБОТКА ОД ПОМАЛ ОБЕМ

Вклучува најмалку три партнери (лидер на проектот и двајца други партнери) од три земји учеснички во програмата. Кандидатите може да аплицираат за сума до 200 000 евра, кои треба да претставуваат најмногу 60% од прифатливите трошоци, додека 40% од средствата мора да бидат издвоени од страна на партнерите во проектот.

КАТЕГОРИЈА 2 – ПРОЕКТИ ЗА СОРАБОТКА ОД ПОГОЛЕМ ОБЕМ

Вклучува најмалку шест партнери (лидер на проектот и најмалку пет други партнери) од шест различни земји учеснички. Кандидатите може да аплицираат за сума до 2 милиона евра, што треба да претставува најмногу 50% од прифатливите трошоци, а преостанатите 50% од трошоците мора да бидат издвоени од страна на партнерите во проектот.

За проектите од двете категории, максималното времетраење (период на подобност) е 48 месеци.

Програмските приоритети на проектите за соработка служат за поддршка на:

  • транснационална мобилност на уметници и професионалци, како и транснационална циркулација и промоција на културни и креативни дела;
  • развој на публика;
  • градење на капацитети (дигитализација, нови бизнис-модели, обука и едукација).

КАКО СЕ АПЛИЦИРА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Целосните упатства за поддршка на Проекти за соработка може да се преземат тука.

ПОВИЦИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Повиците за апликации за Проекти за соработка се објавуваат на годишно ниво. Повикот, упатствата, формуларите, како и сите понатамошни детали може да се најдат на веб-страницата на EACEA.