Повик за акцијата „Поддршка на европски проекти за соработка“ во рамки на програмата „Креативна Европа – Култура (2014-2020)“ за 2018 година

Почитувани,
Ве известуваме дека Европската Комисија го објави повикот за аплицирање за акцијата „Поддршка на европски проекти за соработка“ во рамки на програмата „Креативна Европа – Култура (2014-2020)“ за 2018 година.

Покрај регуларните категории на оваа акција: „Проекти за соработка од мал обем (Категорија 1)“ и „Проекти за соработка од голем обем (Категорија 2)“, објавена е посебна Категорија 3: „Проекти во врска со Европската година на културно наследство 2018“.
Крајниот рок за доставување на електронските апликации до Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност при Европската комисија за Категоријата 3 е 22 ноември 2017 година (12:00 часот).

Eлектронските апликации за Категориите 1 и 2 треба да се достават до Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност при Европската комисија најдоцна на 11 јануари 2018 година (12:00 часот).

Информации за повикот можете да најдете на следнава веб-страна: https://eacea.ec.europa.eu/creative-europe/funding/support- european-cooperation- projects-2018_en

Дополнителни информации за повикот, постапката за аплицирање и подготовката на вашите проекти може да добиете во:

Сектор за европски интеграции и креативни индсутрии
Одделение за Креативна Европа на ЕУ – Култура
Контакт лице: м-р Билјана Прентоска
(Т: 3 207 446/443; Е: biljana.prentoska@ced.mkbprentoska@gmail.com)