22.08.2016 - Новости

Отворен штанд на МЕДИА Дескот во рамките на МакеДокс

Во рамките на Фестивалот за креативен документарен филм „МакеДокс“ кој што по седми пат се одржува од 20 до 26 Август во Куршумли Ан, македонскиот МЕДИА Деск во деновите од 22 до 26 Август ќе има отворен штанд, кој што ќе функционира во периодот помеѓу 17.00 и 18.00 часот. На штандот ќе може да се добијат подетални информации за можностите кои ги нуди потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа. Инаку фестивалот МакеДокс е еден од првите македонски апликанти кои се здобија со поддршка од МЕДИА.

Целосната програма за фестивалот МакеДокс може да се најде на следниот ЛИНК.