04.10.2017 - Новости

Регионален МЕДИА настан на Балкан Филм Маркет во Тирана

На 2 Октомври 2017, во рамките на Балканскиот Филмски Маркет, кој од 2 до 7 Октомври се одржува во Тирана, Албанија, се одржа Регионален МЕДИА настан, посветен на потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа. На настанот учествуваа претставници на Канцелариите на МЕДИА од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Србија и Италија (Бари).

Настанот баше поделен на повеќе панел дискусии:

  • „Предизвици на Канцелариите на МЕДИА од регионот“
  • „Успешни МЕДИА приказни од Балканот“
  • „Неуспешни МЕДИА приказни од Балканот“
  • „Поддршка за ко-продукциски фондови на МЕДИА“ и
  • „Балканските национални филмски центри и МЕДИА“