23.01.2018 - Новости

Дали сакате европски филмови?

Второто издание на наградната игра #euFilmContest за љубителите на европскиот филм и телевизија започнува на 23-ти јануари. Оние кои точно ќе одговорат на прашањата поврзани со европските филмови и телевизиски серии, ќе се натпреваруваат за наградата која ќе им биде доделена на  десет учесници, а тоа е патување на Канскиот филмски фестивал во мај 2018 година и можност од прва рака да се дознае повеќе за европската филмска индустрија.

Сите детали ќе бидат објавени на посебна веб страница: https://wealllovestories.eu/filmcontest.