21.03.2018 - Новости

МЕДИА Инфо Ден 04.04.2018

На 4Април 2018, во Џебното Кино на Младинскиот Културен Центар, со почеток од 11.00 часот ќе се одржи МЕДИА Инфо Сесија, со фокус на повиците за „Развој на проекти“ и „Филмски Фестивали“.

  • 11:00 Презентација за Креативна Европа – МЕДИА, фокус на: „Развој на проекти“ и „Филмски Фестивали“, Владимир Стојчевски, Канцеларија за Креативна Европа МЕДИА, Македонија
  • 11:40 Презентација на српските искуства со Креативна Европа – МЕДИА, Невена Негојевиќ, Канцеларија за Креативна Европа МЕДИА, Србија
  • 12:20 Совети за пополнување на апликациите за „Развој на поединечни проекти“ и „Филмски фестивали“
  • 13:00 Прашања и одговори

Воедно Ве потсетуваме за активните повици на МЕДИА за:

Ги информираме сите кои се заинтересирани за некој од објавените повици, дека Канцеларијата за Кретивна Eвропа МЕДИА им стои на располагање за консултации во врска со процесот на аплицирање и изработката на апликациите. Закажување на кoнсултации на маил: vladimir.stojcevski@ced.mk