06.05.2019 - Новости

2 македонски фестивали добија МЕДИА поддршка

 

МЕДИА Деск МК со гордост ве известува дека два македонски филмски фестивли ИФФК „Браќа Манаки“ и фестивалот на креативен документарен филм “Македокс“ добија вкупна поддшрка од МЕДИА од 62.000 евра во повикот: Филмски фестивали во првиот рок (Support for Film Festivals – deadline 1 – Call EACEA/32/2018) .

ИФФК „Браќа Манаки“ доби поддршка од 35,000 евра

„Македокс“ доби поддршка од 27,000 евра

Во овој рок пристигнати беа 106 апликации од 30 европски земји, од кои само 33 добија финанскиска поддршка.

Она што е особено значајно за нашата земја е дека и двата фестивали оваа година слават својот јубилеј.  ИФФК „Браќа Манаки“ ќе го има своето 40-то изадние од 14-21 септември 2019,  а “Македокс“ ќе го слави 10-от роденден од 21-28 август 2019.

Вториот рок во повикот за филмски фестивали завршува на 7.05.2019 и се однесува на фестивали кои се одржуваат помеѓу 1.11.2019 и 30.04.2020.

Честитки за успехот,

МЕДИА Деск МК тим