03.06.2019 - Новости

Консултативна средба за повикот „Дигитално поврзување на културата и аудиовизуeлните содржини“

На 11-ти јуни 2019 година (вторник) од 12 часот во просториите на МЕДИА Деск МК (ул.8-ми Март бр.4) ќе се одржи консултативна средба за тековниот повик во меѓусекторската пот-програма на Креативна Европа (Cross Sector Strand) „Дигитално поврзување на културата и аудиовизуeлните содржини“ / Bridging culture and audiovisual content through digital –рок: 20.06.2019 година.

За таа цел канцелариите на Креативна Европа Култура и МЕДИА во Северна Македонија организираат консултативна средба за сите кои ќе аплицираат на овој повик. Во индивидуални сесии секој од апликантите ќе има можност да се советува за проектот со Билјана Прентоска-раководител на Канцеларијата Креативна Европа-Култура и Бистра Георгиева-раководител на МЕДИА Деск МК.

Задолжително пријавување за консултативна средба до 10.06.2019 (понеделник) на e-mail: media@ced.mk

Доколку имате дополнителни прашања може да се јавите  во МЕДИА Деск МК на телефонскиот број 02 3224 100

Ве очекуваме,

Билјана Прентоска и Бистра Георгиева