16.10.2019 - Новости

Отворен ден за Креативна Европа Култура и МЕДИА на Синедејс 2019

Креативна Европа Култура и МЕДИА Деск МК во соработка со филмскиот фестивал „Синедејс 2019“ на 08.11.2019 (петок) во 12.00 часот во МКЦ,  ве покануваат на отворени презентации:

  • „10 најчести прашања и одговори“ –  поврзани со новите повици на МЕДИА, критериумите за аплицирање и можностите за учество на тренинг програми
  • „European film challenge 2020” – промоција на проект поддржан од МЕДИА преку македонската партнерска организација „Блинк 42/21“
  • „Проекти за соработка- Креативна Европа Култура“
  • „Примери на добра пракса“– потпрограма Култура

Настанот е отворен за јавност и покрај директни претставници на аудиовизуелниот сектор и култура, ги покануваме и приватните компании, фондации, општини, универзитети, студенти, невладини организации и медиуми да присуствуваат за да се запознаат со сите потенцијални можности на Креативна Европа.