22.11.2019 - Новости

Проектот „Неми филмови“ предложен за учество на Euro Connection 2020

Краткиот анимиран проект „Неми филмови“ на продуцентот Димитар Димоски (продуцентска компанија „Фокус покус“) во режија на Крсте Господиновски е предложен како македонски проект за учество на европскиот ко-продукциски форум на кратки филмови Euro Connection кој се одржува за време на филмскиот маркет Клермон-Феран во Франција.

Во предвидениот рок пристигнаа вкупно 5 проекти  кои ги разгледуваше комисијата во состав: Елена Станишева-продуцент, Анита Стојческа-виш соработник за филмска дејност во Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и Бистра Георгиева – раководител на МЕДИА Деск МК.

Проектот „Нема филмови“ е селектиран од комисијата врз основа на целокупната доставена документација во која се гледа уметничка вредност и универзална приказна како и авторската подготвеност за реализација на истата. Сценариото е базирано на истоимениот краток расказ чии автор е продуцентот Димоски, кој во 2016 освои втора награда на конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“. Дополнително, продуцентот има јасна слика за понатамошниот развој на проектот и потенцијалот за меѓунардона ко-продукција со продуценти од земји во кои анимираниот филм има долга традиција. Проектот „Неми филмови“ беше препознаен и селектиран помеѓу 13 проекти и на пичининг форумот VAF Trebon  во Чешка во 2017-та година.

Искрени честитки до продуцентот Димитар Димоски и режисерот Крсте Господиновски од МЕДИА Деск МК

 

Дополнителни информации:

За Euro Connection 2020

За Clermont Ferrand -фестивал на краток филм