02.12.2019 - Новости

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ја освои престижната награда за филм „Лукс 2019“

На 27-ми ноември 2019-та во Стразбур беше прогласувањето на  LUX Prize 2019 награда за филм на Европскиот Парламент.

Македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ кој е поддржан од програмата Креативна Европа МЕДИА ја освои оваа престижна награда.

Филмот ќе биде достапен за лица со попреченост на вид, слух и говор и ќе биде активно промовиран од Европскиот Парламент.

Прогласувањето на победникот и говорот на режисерката Теона Митевска можете да го гледате тука.

Тимот на МЕДИА Деск МК се радува за овој успех и ја честита наградата на екипата на филмот