20.05.2020 - Новости

Вебинар: Ковид-19 и состојбите во филмскиот сектор во Македонија

Вебинар: точки на гледање: Ковид-19 и состојбите во филмскиот сектор во Македонија

Датум: 27 мај (среда)

Час: 11.30 часот

На покана на Филозофскиот Филмски Фестивал, Бистра Георгиева раководител на МЕДИА Деск МК ќе учествува на првиот вебинар кој ќе се обиде да отвори дијалог за состојбите во филмскиот сектор, да понуди простор за размена на идеи и искуства и да отвори перспективи за солидарни соработки во земјата за време на ковид кризата.

На вебинарот ќе учествуваат: Анита Стојческа-Агенција за филм  · Игор Иванов (режисер, ДФРМ/ Манаки) · Владимир Љ. Ангелов (Кинотека) · Саша Станишиќ (Катавеј/ Cinesquare) · Стефан Палитов (режисер) · Татјана Јаневска (Скопски Филмски Фестивал) · Дарко Набаков (МакеДокс) · Атанас Георгиев (продуцент)  · Русе Арсов (МКЦ/Синедејс)

Модератор: Ана Дишлиеска Митова

Регистрација: вебинарот е првенствено наменет за членовите на филмскиот сектор во земјата, како и за медиумите заинтересирани за темата. Ако сте заинтересирани за учество, регистрирајте се на FB -настанот или на contact@philosophicalfilmfestival.mk само со ваше име и презиме и името на вашата компанија/организација. Потврда за присуство со Zoom линк за вебинарот ќе ви биде испратен по мејл најдоцна два дена пред настанот.

Под мотото ИДЕИ, СВЕТОВИ годинава Филозофското друштво на Македонија (ФДМ) го организира 10. ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ (ФФФ) како хибридно издание. Сето она што можеше да се организира во овој кризен период и со ограничени институционални ресурси, под насловот ФФФ ПРОЛЕТНИ ОНЛАЈН МИГРАЦИИ ќе се реализира во првично предвидениот термин – 21-31 мај. За да ја преземете програмата и да се влезете во виртуелната кино сала посетете го сајтот на ФФФ.