03.11.2020 - Новости

Проектот „Музиканти“ предложен за учество на Euro connection 2021

Краткометражниот игран проект „Музиканти“ на продуцентот Лазар Секуловски (продуцентска компанија „ДААН“) во режија на Андреј Георгиев е предложен како македонски проект за учество на европскиот ко-продукциски форум на кратки филмови Euro Connection кој се одржува за време на филмскиот маркет Клермон-Феран во Франција.

Во предвидениот рок пристигнаа вкупно 3 проекти  кои ги разгледуваше комисијата во состав: Елена Станишева-продуцент, Анита Стојческа-виш соработник за филмска дејност во Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и Емилија Ромева – МЕДИА Деск МК.

Проектот „Музиканти“ е селектиран од комисијата врз основа на целокупната доставена документација во која се гледа уметничка вредност и универзална приказна како и авторската подготвеност за реализација на истата. Дополнително, продуцентот има јасна слика за понатамошниот развој на проектот и потенцијалот за меѓународна ко-продукција со продуценти.

Искрени честитки до продуцентот Лазар Секуловски и режисерот Андреј Георгиев од МЕДИА Деск МК.

 

Дополнителни информации:

За Euro Connection 2020

За Clermont Ferrand -фестивал на краток филм