20.02.2022 - Oтворени повици

Европски развој на групни проекти

Линк:European slate development (CREA-MEDIA-2022-DEVSLATE)

Европски развој на групни проекти е поддршка насочена кон поттикнување на конкурентноста на европските независни продуцентски куќи и зголемување на нивната економска вредност на пазарот.  Целта на овој повик е да се зголеми капацитетот на продуцентите за развој на проекти со висок потенцијал за циркулирација низ Европа и надвор од неа, како и да се поттикнат европски и меѓународни копродкции. Оваа поддршка претставува и можност за младите и нови таленти да режираат краткометражен филм  во соработка со искусна и етаблирана продуцентска куќа.

Кој може да аплицира? 

На повикот Европски развој на групни проекти можат да се пријават субјекти кои се:

  • Регистрирани како правни лица (јавни или приватни лица);
  • Регистрирани во држава која е дел од Креативна Европа (држави членки на Европската Унија, држави кои се дел од Европската економска област и држави кои не се дел од Европската Унија, но се членки на програмата Креативна Европа – целата листа е достапна на следниот линк);
  • Регистрирани на дигиталната платформа (достапна на следниот линк);
  • Продуцентски куќи со неодамнешно искуство во продуцирање на меѓународно дистрибуирани дела;
  • Продуцентски куќи кои имаат реализирано најмалку две дела од 2015 година  кои ги исполнуваат следните услови:
    • Да се анимирани, креативно документарни или играни проекти (филмови или серијали) со вкупно времетраење од минимум 24 минути (освен за проекти кои имаат не-споен формат – како виртуелна реалност (VR), кои не се условени со времетраење);
    • Да се произведени од продуцентска куќа- апликант или продуцент (физичко лице- претставник на продуцентска куќа) или од еден oд сопствениците на правата на филмот;
    • Да се прикажувани во кино салите, емитувани на телевизија или достапни преку дигитални платформи во најмалку три различни земји од онаа на апликантот до денот на крајниот рок на поднесување на оваа апликација, и во случај на линеарно прикажување, најмалку од три различни емитувачи;
    • Прикажувањата или емитувањата да се од комерцијална природа (прикажувања на фестивали не се прифатени како комерцијална дистрибуција). 
Поддршката е достапна за:
  • Развој на групни проекти составени од 3 до 5 аудиовизуелни дела во категориите: игран филм, анимација или креативен документарец, наменети за кино прикажување, телевизиско емитување или достапност на дигитални или мултимедијални платформи;
  • Апликантите можат да додадат краткометражен филм во режија на млад талент кон групата на приложени дела, но не е задолжително.
Цел на поддршката:
  • Да обезбеди пристап до фондови за аудиовизуелни продуцентски куќи за развој на дела со високо квалитетни креативни вредности, културна разновидност и потенцијал за меѓународно прикажување. Продуцентските куќи се охрабруваат да развијат стратегии за маркетинг и дистрибуција од самиот почеток на проектот, со што би се зголемила видливоста на проектот на европско и меѓународно ниво; 
  • Да овозможи поголема соработка, вклучувајќи и копродукција помеѓу оператори од различни земји учесници во подпргорамата МЕДИА на Креативна Европа; 
  • Да ја зајакне конкурентноста на европските аудиовизуелни продуцентски куќи преку консолидирање на нивниот инвестициски капацитет во развојната фаза и проширување на активностите на компаниите и нивниот иновациски капацитет за истражување/ откривање нови подрачја и пазари;
  • Посебно внимание ќе добијат апликациите кои ќе приложат соодветни стратегии за „позелена“ индустрија, родова еднаквост, инклузивност и  разновидност. 
Достапно финансирање

Максималниот износ на кофинансирање изнесува помеѓу 90.000 евра и 510.000 евра.
Доделената поддршка може да биде помала од бараниот износ. Поддршката ќе биде паушална (lump sum grant), што значи дека ќе биде надоместен фиксен износ, кој е претходно утврден од страна на донаторот: 

o Анимација (еднократна): 55.000 евра;  

o Aнимирани серии: 60.000 евра;

o Креативен документарен филм (еднократен): 30.000 евра;

o Креативна документарна серија: 35.000 евра;

o Игран филм (еднократен) со буџет за продукциски буџет под или еднаков на 5 милиони евра: 45.000 евра;

o Игран филм (еднократен) со продукциски буџет над 5 милиони евра: 60.000 евра;

o Играна серија со продукциски буџет под или еднаков на 5 милиони евра: 55.000 евра;

o Играна серија со продукциски буџет над 5 милиони евра, но помал или еднаков на 20 милиони евра: 75.000 евра;

o Играна серија со продукциски буџет над 20 милиони евра: 100.000 евра.

Времетраењето на проектите во рамките на овој повик е до 36 месеци.


Подетални информации за повикот Европски развој на групни проекти, се достапни на следниот линк.

Апликацијата се пополнува и се доставува онлајн преку Порталот за финансирање и можности за тендери (FTOP) на Европската комисија, во согласност со крајниот рок. 

За повеќе информации поврзани со Повикот можете да се обратите до Одделението за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма Медиа при Агенција за филм на Република Северна Македонија. 

Е-пошта: media@ced.mk
Е- пошта: mirchevska.ivana@filmagency.gov.mk 

ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111
www.filmagency.gov.mk