Како да аплицираш

Како да аплицираш

Апликациите се упатуваат директно до Извршна агенција за образование, аудиовизуелни услуги и култура при Европската комисија (EACEA) во Брисел, преку онлајн систем.

Чекори за апликација

 

ЧЕКОР 1:  Отварање на  ECAS account 

Новите апликанти треба да отворат свој ЕУ профил/мејл. За отварање кликнете тука.

ЧЕКОР 2:  Регистрирање на вашата компанија на учесничи портал на EACEA

За да аплицирате за грант најпрво ќе треба да ја регистрирате вашата компанија/организација преку Учесничкиот портал (Participant portal) на EACEA и да добиете Учесник код за идентификација (Participant Identification Code – PIC). Пријавувањето се прави еднаш и потенцијалните кандидати може да се пријавуваат користејќи ги следните чекори:

  • Откако ќе отворите ЕУ профил, ќе добиете е-маил за верификација, кликнете на линкот кој што ќе го добиете и креирајте сопствен пасворд.
  • Ќе бидете насочени кон Учесничкиот портал каде што ќе треба да ги внесете деталите за вашата компанија или организација.
  • Внесете ги податоците за вашата компанија или организација на Учесничкиот портал и прикачете ги следните документи:
  • Формулар за Правното Лице (Legal Entity Form)
  • Извод од Централен регистар и Тековна состојба (за приватни компании) VAT Certificate and extract from the official gazette/trade register (private companies only)
  • Правно решение или одлука за основање (само за јавни институции)

Доколку грантот за кој аплицирате надминуваа €60,000, треба да доставите и:

  • Формулар за финансиски капацитет (Financial Capacity Form)
  • Завршнин сметки (за последните две години за трговски друштва или за последната година за непрофитни компании)

Доколку грантот за кој аплицирате надминува €750,000, треба да доставите и:

  • Ревизорски извештај, одобрен од страна на овластен сметководител, кој ја потврдува финансиската состојба за последната финансиска година

 

ЧЕКОР 3: Пополнување на електронска апликација (e-фorm)

Откако ќе се регистрирате (ќе добиете PIC број) и ќе се логирате, може да ја преземете Електронската апликација e-form за повикот на кој што сакате да го пријавите вашиот проект и да започнете со процестот на аплицирање. За да ја креирате електрoнската пријава: 

  • Селектирајте го повикот на кој што сакате да се пријавите.
  • Селектирајте го јазикот на кој што ќе ја пополнувате пријавата.
  • Селектирајте ја организацијата или организациите кои ќе учествуваат во активностите кои ги предлагате.
  • Креирајте ја Електронската е-aпликација (e-form).
  • Зачувајте ја апликацијата на вашиот компјутер пред да почнете да ја пополнувате. За ова е потребно на вашиот компјутер да има инсталирано минимум Adobe Reader 8.1.5
  • Пополнете ја Електронската апликација (e-form) и зачувајте ја при секоја дополна и промена.

Пред да започнете со пополнувањето на апликацијата, ви препорачуваме да ги прочитате следните документи: Забелешки за повикот (Call notice), Водич за аплицирање (Guidelines), Често Поставувани Прашања (FAQ – Frequently Asked Questions) и Водич за експерти (Guide for experts). Овие документи се достапни на линковите за секој од повиците за аплицирање поединечно.

 

 ЧЕКОР 4: Комплетирање и испраќање на апликацијата

  • Апликациите се испраќаат преку e-form (https://eacea.ec.europa.eu/PPMT/).
  • Не заборавајте кон Електронската апликација да ги прикачите задолжителните Анекси (се прикачуваат на крајот од самиот pdf документ). Анекс документите може да се преземат на линкот за секој поединечен повик. Анексите се разликуваат од повик до повик. Целата апликација вклучувајќи ги и Анексите не смее да надминува 10MB.
  • Откако ќе ја пополните Електронската апликација и откако ќе ги прикачите Анекс документите, проверете дали се пополнети сите задолжителни полиња со стискање на копчето Validate form кое се наоѓа на секоја страна во долниот десн агол. Со тоа се прави автоматска проверка дали апликација е комплетна. Кога ќе добиете потврда дека апликацијата е комплетна, истата може да ја пријавите стискајќи на копчето Submit this form на крајот од Електронската апликација.
  • Откако ќе ја поднесете Електронската пријава, ќе добиете потврда на е-мејл и референтен број Submission number, кој се генерира на самата пријава.

 

Техничка помош

Доколку имате технички проблеми при испраќањето на апликацијата консултурајте го упатството за Електронската апликација (e-form User Guide), кој што се наоѓа на линкот за секој повик поединечно во делот “How to apply.” Доколку не го решите проблемот и сеуште имате технички прашање во врска со поднесувањето на апликцијата може да се обратите за помош на EACEA.
HelpDesk e-mail: eacea-helpdesk@ec.europa.eu
HelpDesk phone: +32 2 299 0705

или во  МЕДИА Деск МК 

E-мејл: media@ced.mk

Телефон: + 389 23224100

 

Евалуација на апликациите

Во рамките на Извршна агенција за образование, аудиовизуелни услуги и култура при Европската комисија (EACEA) се ангажирани лица со високо ниво на експертиза во однос на програмите и повиците управувани од страна на Агенцијата. Овие експерти им пристапуваат на апликациите согласно областа во која што се стручни. Експертите оценуваат апликации кои не доаѓаат од нивните земји, со цел да се избегне конфликт на интереси при процесот на евалуација. Сите апликации се разгледуваат од двајца независни експерти. 

Оние кои што сакаат да се вклучат во работата на Извршната агенција како експерти, може да најдат подетални информации на следниот линк.

За инструкции во однос на апликациите контактирајте ја Креативна Европа МЕДИА Деск МК  

E: media@ced.mk

Агенција за филм на Република Северна Македонија
ул. 8 Март бр. 4, 1000 Скопје, Северна Македонија
тел. +389 2 3224 100 / факс. +389 2 3224 111
www.ced.mk / www.filmagency.gov.mk