„Креативна Европа МЕДИА“ на „Gamescom 2026“

By vladimir , 22 July, 2026
„Креативна Европа МЕДИА“ на „Gamescom 2026“ со настан за вмрежување и презентации на европски проекти

„Креативна Европа МЕДИА“ ќе учествува на „Gamescom 2026“, што ќе се одржи од 26 до 28 август 2026 година во Келн, Германија, со посебен штанд, настан за вмрежување и две презентации на проекти.

„Gamescom“ е најголемиот светски настан посветен на компјутерски и видеоигри и најголемата европска деловна платформа за индустријата за видеоигри. Настанот ги обединува играчите на видеоигри, професионалците од индустријата и изложувачите, како во живо така и онлајн.

Сите посетители на „Gamescom“ се поканети да го посетат штандот на „Креативна Европа МЕДИА“ и да се запознаат со активностите и можностите што ги нуди програмата.

Штанд на Креативна Европа 

Локација: Хала 03.2

Штанд: D050g – F051g

Работно време:

Среда, 26 август: 09:00 – 19:00 часот

Четврток, 27 август: 09:00 – 20:00 часот

Петок, 28 август: 09:00 – 18:30 часот

 

Програма на настани

Среда, 26 август | 10:00 – 11:30 часот

„Meet Your Neighbours“ – настан за вмрежување

Овој настан за вмрежување ќе ги поврзе европските креатори и издавачи на наративни игри со цел размена на искуства, дискусија за предизвиците во индустријата и создавање нови можности за соработка.

Во рамки на тркалезни маси, избраните учесници ќе разговараат за теми како:

  • Како да ја реализирате вашата игра: издавање и маркетинг;

  • Надвор од границите: меѓународна соработка и странски пазари;

  • Размислувајте пошироко: развој и искористување на интелектуална сопственост (IP);

  • Сè за финансирањето: обезбедување средства за следниот проект за видеоигри.

Настанот е само со покана. Бројот на местата е ограничен, а учесниците ќе бидат избрани.

За дополнителни информации, контактирајте ја Канцеларијата на МЕДИА на Германија:

Creative Europe Desk NRW (info@ced-nrw.eu)

Среда, 26 август | 16:30 – 17:30 часот

Презентација на МЕДИА-проекти

Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со проекти финансирани преку „Креативна Европа МЕДИА“, кои имаат особено значење за индустријата за видеоигри  и за професионалците од оваа област.

Организатор: Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA)

По презентацијата ќе следува „Networking Happy Hour“.

Место: Штанд на Креативна Европа МЕДИА

(Хала 03.2 / D050g–F051g)

Пристап: Потребен е Gamescom-беџ.

Регистрација не е потребна.

* Проекти што ќе бидат претставени:

TRACKS

Иновативна платформа за маркетинг-интелигенција развиена од „Second Stage GmbH“, која им помага на создавачите и издавачите на PC-игри и конзолни игри да ги подобрат маркетинг-стратегиите преку анализа на податоци, евалуација на кампањи и подобро разбирање на европскиот пазар на видеоигри.

CORPUS.MUSIC

Проект развиен од „Sofilab GmbH“, кој развива музичка технологија базирана врз вештачка интелигенција – приспособлива и контекстуално чувствителна музика развиена преку заедничка библиотека со фокус на квалитет, оригиналност и разновидност. Креаторите и соработниците ги задржуваат своите права и имаат долгорочен удел во системот.

Четврток, 27 август | 16:00 – 17:00 часот

Презентација на МЕДИА-проекти

Ќе бидат претставени дополнителни проекти финансирани преку „Креативна Европа МЕДИА“, релевантни за индустријата за видеоигри и за професионалците.

Место: Штанд на Креативна Европа МЕДИА

(Хала 03.2 / D050g–F051g)

Пристап: Потребен е Gamescom-беџ.

Регистрација не е потребна.

* Проекти што ќе бидат претставени:

BLUEBOTTLE

Проект развиен од „BlueBottle GmbH“, кој се фокусира на преноси на е-спортови (esports) и комерцијализација. Решението овозможува подобрување на преносите во живо преку визуализација на податоци во реално време, интерактивни елементи и интегрирано дигитално рекламирање слично на традиционалните спортски натпревари. 

GAMESKILLS

Програма предводена од „Gamaste“, која нуди тренинг-работилници, индивидуални состаноци и онлајн заедница за професионалци од индустријата за видеоигри.

„Креативна Европа МЕДИА“ на „Gamescom 2026“ претставува одлична можност за европските креатори на видеоигри, студија и професионалци од секторот за видеоигри да се поврзат, да разменат искуства и да создадат нови меѓународни партнерства.