EMAP повик за уметнички резиденции 2027

By vladimir , 7 September, 2026
EMAP отвори повик за уметнички резиденции за 2027 година

EMAP отвори повик за уметнички резиденции за 2027 година

„Европската платформа за медиумска уметност“ (EMAP) го отвори повикот за EMAP-резиденции 2027, наменет за уметници, уметнички двојки, колективи и други форми на уметничко здружување кои работат во областа на дигиталната, медиумската, роботската и биоуметноста.

Програмата нуди можност за двомесечна продукциска резиденција во текот на 2027 година во една од партнерските организации на EMAP низ Европа. Резиденцијата овозможува пристап до технички капацитети и медиумски лаборатории, како и можности за професионална презентација, вмрежување и потенцијално изложување на резултатите од проектот.

Програмата ја става во прв план соработката. Можат да аплицираат уметнички двојки, колективи и други форми на уметничко здружување, како и индивидуални уметници кои ќе предложат проект што ќе го реализираат во соработка со партнер по сопствен избор или со локален соработник од земјата на домаќинот. Соработникот не мора да биде потврден во моментот на поднесување на апликацијата.

Кој може да аплицира?

Може да аплицираат:

  • уметници, уметнички двојки, колективи и други форми на уметничко здружување кои работат во областа на дигиталната, медиумската, роботската или биоуметноста;

  • лица кои се жители или даночни обврзници во земја членка на Европската Унија или во една од квалификуваните земји надвор од ЕУ кои учествуваат во програмата Креативна Европа;

  • докторанди и уметници во развој, без ограничување во однос на возраста и образовниот профил.

Студентите на додипломски и мастер студии не може да аплицираат.

Каква поддршка обезбедува резиденцијата?

На избраните уметници, резиденцијата им обезбедува:

  • двомесечна продукциска резиденција во една од партнерските организации на EMAP;

  • 4 000 евра грант за апликантот, вклучително и средства за животни трошоци;

  • 2 000 евра грант за соработник/соработници, односно вкупно 6 000 евра за уметничката двојка;

  • 4 000 евра продукциски буџет за реализација на проектот;

  • сместување;

  • покриени патни трошоци од страна на домаќинот во согласност со лимитите утврдени од Европската Унија;

  • пристап до технички капацитети и/или медиумски лаборатории;

  • учество на иницијалната конференција на EMAP, што ќе се одржи на 11 и 12 март 2027 година во Хихон, Шпанија;

  • можности за професионални презентации, изложбени тури, потенцијални изложби и вмрежување со партнерите на EMAP и пошироката европска медиумска уметничка сцена.

Рокот за пријавување е 6 ноември 2026 година до 14:00 часот по средно европско време.

Повеќе информации за условите за учество, процесот на аплицирање и најчесто поставуваните прашања се достапни на официјалната веб-страница на повикот:

https://call.emare.eu/ 

Повикот се реализира со поддршка од програмата Креативна Европа на Европската Унија.