Објавена е антологија на Наградата на Европската Унија за литература за 2026 година

By lidija , 2 October, 2026
Објавена е антологија на Наградата на Европската Унија за литература за 2026 година

„Европски приказни“ е антологија на Наградата на Европската Унија за книжевност за 2026 година, во која се претставени 14-те автори од потесниот избор за наградата. Антологијата содржи извадоци од нивните номинирани дела, објавени на оригиналните јазици и во превод на англиски јазик.

Со антологијата, овие 14 нови и талентирани автори се претставуваат пред европската издавачка сцена, со цел нивните дела да допрат до поширока читателска публика и да бидат преведени на други европски јазици. Дел од авторите од потесниот избор за 2026 година веќе склучија договори за превод по доделувањето на наградата, одржано на 29 мај во Музејот на современа уметност во Варшава.

Антологијата ќе биде претставена и дистрибуирана на големите меѓународни саеми на книгата, меѓу кои саемите во Гетеборг и Франкфурт. 

Македонскиот автор Иван Шопов со романот Зентрифуга беше меѓу номинираните автори за оваа престижна книжевна награда во 2026 година. 

Електронската верзија на антологијата може да ја преземете на следниов линк