Во рамките на петтото издание на филмскиот фестивал „Преку езерото“, на 14 јули во Струмица и на 15 јули во Дојран се одржа работилницата „Вештачката интелигенција во филмот и креативните индустрии“
Отворен е повикот за пријавување проекти за European Work in Progress (EWIP) Hamburg 2026, што ќе се одржи од 28 до 30 септември 2026 година во Хамбург, Германија.
Cartoon Business е тридневен семинар организиран од CARTOON – European Association of Animation Film, со поддршка од програмата „Креативна Европа – МЕДИА“ на Европската Унија, што ќе се одржи од 24 до 26 ноември 2026 година во Брисел, Белгија.
CARTOON Springboard е годишен настан за претставување (pitching) и тренинг-настан за европската анимациска индустрија, кој од 2015 година го организира Европската асоцијација на продуценти на анимација – CARTOON.
Иницијативата на европските продуценти (EPI – European Producers Initiative) ќе ја организира првата работилница „IP Development for Creative Professionals“ од 17 до 19 септември 2026 година во Берлин, Германија.
Канцеларијата на Креативна Европа – Северна Македонија го споделува отворениот повик на „Версополис“ (Versopolis), европска платформа за поезија поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, наменет за млади истражувачи, академици и книжевни професионалци.