Во рамките на последниот повик за домаќини на резиденции на програмата „Културата ја движи Европа“ (Culture Moves Europe), од вкупно 1.326 пристигнати пријави од 38 земји учеснички во програмата Креативна Европа, беа избрани 150 проекти за резиденции, меѓу кои и проектот на Интерарт културен центар од Скопје. Проектот има цел да ја засили меѓународната уметничка размена, да го поттикне создавањето нови кореографски дела и дополнително да го позиционира Скопје како регионален центар за современа танцова продукција и креација.
Во рамките на избраниот проект, Интерaрт културен центар објавува меѓународен повик за 5 гости професионални танцови уметници кои ќе учествуваат во 40-дневна резиденција за современ танц во Скопје, Северна Македонија.
Резиденцијата ќе се одржи од 22 март до 30 април 2027 и ќе биде насочена кон уметничко истражување, кореографски развој, соработка и подготовка на нова современа танцова претстава со Скопје танцов театар, со премиера на Танц Фест Скопје 2027.
Резидентите ќе работат со менторскиот тим составен од проф. д-р Рисима Рисимкин, проф. Адријана Данчевска Ровчанини Дејан Битровски, преку секојдневна студиска работа, истражување на движење, индивидуални и колективни задачи, споделување знаења, фидбек сесии и проби.
Повикот е отворен за професионални танцови уметници кои имаат легален престој во една од земјите на Креативна Европа, надвор од Северна Македонија.
Краен рок за апликации: 15 август 2026: Задоцнетите или нецелосните апликации може да не бидат разгледани.
Повеќе информации за повикот и за организацијата домаќин на резиденцијата, Интерарт културен центар, може да најдете на следниов линк