Во тек е повикот за пријавување за Европските награди за културно наследство/Europa Nostra Awards 2027, едно од најзначајните европски признанија за извонредни достигнувања во областа на заштитата, зачувувањето и промоцијата на културното наследство.
Наградите се воспоставени од Европската Унија во 2002 година и се поддржани преку програмата „Креативна Европа“. Тие ги препознаваат успешните проекти, организации и поединци кои придонесуваат за зачувување на материјалното, нематеријалното и дигиталното културно наследство, како и за развој на иновативни пристапи во оваа област.
Апликациите можат да се поднесат во пет категории:
• Конзервација и адаптивна повторна употреба;
• Истражување;
• Образование, обука и вештини;
• Граѓанско учество и подигнување на свеста;
• Херои на наследството.
Квалификувани се различни видови иницијативи – од проекти за реставрација и обновување на културни локалитети, преку истражувачки и образовни програми, до активности кои поттикнуваат активно учество на заедниците во зачувувањето на наследството.
Избраните проекти ќе добијат европско признание и можност за поголема меѓународна видливост, поврзување со професионалци и организации од областа на наследството, како и можност за освојување на Големата награда (Grand Prix) или Наградата на публиката, со финансиски награди од по 10 000 евра.
Начин на аплицирање
Пријавите треба да бидат подготвени на англиски јазик, а кандидатите се охрабруваат внимателно да ги разгледаат условите, категориите и критериумите пред поднесување на апликацијата. Повеќе информации за процесот на аплицирање, како и пристап до платформата, се достапни на официјалната веб-страница на „Европа Ностра“ (Europa Nostra): https://www.europeanheritageawards.eu/apply/
Краен рок за поднесување на апликациите е 7 септември 2026 година (23:59 часот CEST).
На повикот може да аплицираат организации од земјите учеснички во потпрограмата „Култура“ на Креативна Европа, како и одредени други европски земји кои имаат право на учество во рамките на наградите на „Европа Ностра“ (Europa Nostra).
За поддршка на кандидатите при подготовката на апликациите, „Europa Nostra“ организира информативни онлајн сесии за процесот на пријавување.
Првата информативна сесија на тема „How to prepare an application for the European Heritage Awards / Europa Nostra Awards 2027“ веќе е одржана, а снимката од вебинарот е достапна за заинтересираните кандидати на веб-страницата на повикот:
https://www.europeanheritageawards.eu/apply/
Втората информативна сесија ќе се одржи на 27 август 2026 година, од 17:00 до 18:00 часот (CEST). За присуство на вебинарот, потребна е претходна регистрација преку следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdhwu4x0ofUSp761UYx9pMIO9Xat4fuc_AGCuP_0svjDGlKaw/viewform
Повеќе информации за условите за аплицирање, категориите, критериумите и процесот на пријавување се достапни на официјалната веб-страница на Europa Nostra. Водичот за аплицирање (Call for Entries) можете да го преземете на следниов линк:
https://www.europeanheritageawards.eu/wp-content/uploads/2026/04/HA2027…