EFFEA повик за уметнички резиденции 2027

By vladimir , 2 Септември, 2026
EFFEA отвори повик за уметнички резиденции во 2027 година

Отворен е петтиот повик на Европскиот фонд за фестивали уметници во подем  (EFFEA – European Festivals Fund for Emerging Artists). Повикот предвидува поддршка за околу 50 меѓународни уметнички резиденции во 2027 година, во кои ќе учествуваат најмалку 150 фестивали.

EFFEA е иницијатива на Асоцијацијата на европски фестивали (European Festivals Association – EFA), кофинансирана од Програмата „Креативна Европа“, која поттикнува меѓународна соработка меѓу фестивалите и создава можности за уметниците во подем да го развиваат своето творештво, да стекнуваат меѓународно искуство, да воспоставуваат нови професионални контакти и да допрат до нови публики.

 

Во рамките на петтиот повик се достапни две линии на поддршка:

 

  1. EFFEA Discovery – грант од 8.000 евра

Оваа линија е наменета за уметници и уметнички групи кои се во рана фаза од развојот на својата меѓународна кариера и имаат потенцијал за меѓународен пробив.

За оваа линија се предвидени 40 грантови, во рамки на кои резиденцијата треба да опфати:

  • презентација на дело во развој или на резултатот од продукцијата на водечкиот фестивал;

  • работилница во живо или онлајн, организирана од водечкиот фестивал, со учество на најмалку еден програмер од секој партнерски фестивал;

  • изработка на филм за резиденцијата;

  • учество во EFFEA Intake и Outtake семинарите.

 

  1. EFFEA Springboard – грант од 15.000 евра

Оваа линија е наменета за уметници кои веќе се етаблирани во своите земји и се подготвени да го развијат своето меѓународно присуство.

За оваа линија се предвидени 10 грантови, а резиденцијата треба да опфати:

  • презентација на резултатот од продукцијата на водечкиот и на секој од партнерските фестивали, со најмалку три презентации вкупно;

  • мастер-клас во живо, предводен од уметникот, на водечкиот и на партнерските фестивали, во најмалку три земји;

  • изработка на филм за резиденцијата;

  • учество во EFFEA Intake и Outtake семинарите.

 

Услови за аплицирање

Проектот треба да поврзе најмалку три фестивали од три квалификувани земји – еден водечки фестивал и најмалку два партнерски фестивали.

Фестивалите треба:

  • да имаат реализирано најмалку едно фестивалско издание;

  • да бидат регистрирани на платформата FestivalFinder.eu пред поднесувањето на апликацијата.

Предложените уметници можат да бидат индивидуални уметници, колективи, компании, ансамбли или групи, без ограничување на возраста. Тие можат да бидат од која било националност, но треба да имаат државјанство или законски престој во една од квалификуваните земји.

 

Уметнички дисциплини

EFFEA поддржува проекти од широк спектар на уметнички дисциплини, меѓу кои музика, театар, современ танц, балет, циркус, филм, литература, опера, дигитални уметности, архитектура, дизајн и применети уметности, фолклор и народна уметност, културно наследство, улична уметност, фотографија, видео, куклен театар, скулптура, сликарство и интердисциплинарни практики.

 

Квалификувани земји

Квалификувани се земјите учеснички во програмата „Креативна Европа“: Албанија, Ерменија, Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грузија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Косово, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Црна Гора, Молдавија, Холандија, Северна Македонија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Тунис и Украина.

Фестивалите од Израел, Палестина, Швајцарија, Турција и Обединетото Кралство можат да учествуваат како партнерски фестивали, додека уметници од овие земји исто така можат да бидат предложени во рамките на резиденциите.

 

Информативни и сесии за вмрежување

Во текот на повикот EFFEA организира четири онлајн сесии посветени на информирање, вмрежување и одговарање на прашања. Сесиите се одржуваат во вторник, од 11:00 до 12:00 часот по средно европско време:

  • 15 септември 2026 – информативна сесија

  • 29 септември 2026 – сесија за вмрежување

  • 13 октомври 2026 – сесија за вмрежување

  • 20 октомври 2026 – сесија за прашања и одговори

Сесиите се можност за фестивалите подетално да се запознаат со повикот, да добијат поддршка при подготовката на своите предлог-проекти и да пронајдат потенцијални партнерски фестивали.

Во текот на повикот ќе се организираат и дополнителни EFFEA сесии во различни земји, во соработка со членките на EFFEA платформата, придружните партнери и канцелариите на Креативна Европа. Датумите и локациите за овие сесии ќе бидат објавувани дополнително.

 

Рок и аплицирање

Повикот е отворен од 1 септември до 3 ноември 2026 година.

Апликацијата ја поднесува водечкиот фестивал, во партнерство со најмалку два фестивала од други квалификуван земји.

Фестивалите што планираат да аплицираат се охрабруваат навреме да го изберат уметникот или уметничката група со која сакаат да соработуваат, да ги воспостават потребните меѓународни партнерства и да го регистрираат фестивалот на платформата FestivalFinder.eu.

Резиденциите ќе се реализираат во текот на 2027 година.

 

Повеќе информации, целосниот повик, условите за аплицирање се достапни на:

EFFEA: https://effea.eu/

European Festivals Association: https://www.efa-aef.eu/

FestivalFinder.eu: https://www.festivalfinder.eu/