Отворен е првиот повик за „Книжевни настани за преведени автори наградени со EUPL“ (Bookshop Events for Translated EUPL Authors), нова акција во рамки на Европската награда за литература (EUPL), чија цел е да придонесе кон поголема видливост на современата европска литература и нејзино пошироко присуство на различни јазици и книжевни пазари.
Кој може да аплицира?
На повикот можат да се пријават книжарници, особено оние што организираат книжевни настани, средби со автори и читателски клубови, како и издавачки куќи што веќе објавиле или планираат да објават преводи на дела од автори наградени со EUPL во периодот на реализација на активностите. Особено се охрабруваат заеднички пријави од издавачки куќи и книжарници.
Поддршката е наменета за книжевни турнеи на преведени автори, читателски клубови, јавни разговори, книжевни читања и средби со автори и преведувачи. Активностите треба да бидат отворени за јавноста и да се одржуваат во книжарници, јавни библиотеки, културни центри или други простори посветени на литературата, со активно учество на претставнци на книжарниците.
Предност ќе имаат предлозите што вклучуваат повеќе книжарници или регионална турнеја, активно учество на преведувачи, како и активности насочени кон долгорочно и континуирано поврзување со читателите, вклучително и редовни читателски клубови и други иницијативи во локалната заедница.
Кои активности се поддржуваат?
Меѓу прифатливите трошоци се патувањето и сместувањето на авторите, дневните надоместоци, хонорарите за автори и модератори, промотивните активности, графичкиот дизајн, фотографирањето и аудио-видеоснимањето, како и техничката организација и продукција на настаните.
Приоритет ќе имаат активностите што се реализираат во земји учеснички во програмата „Креативна Европа“, како и предлозите што предвидуваат еколошки одговорно патување.
Рокови и период на реализација
Првиот повик е отворен од 1 до 30 септември 2026 година, а поддржаните активности треба да се реализираат од 1 ноември 2026 до 30 јуни 2027 година.
Во 2027 година се предвидени уште два повика – од 1 до 31 јануари и од 1 до 30 април.
Начин на пријавување
Апликациите се поднесуваат по електронски пат, со пополнет формулар и потребната пропратна документација, на адресата:
bmozomartin@euprizeliterature.eu
Европската награда за литература (EUPL) е поддржана од програмата „Креативна Европа“.
Повеќе информации за повикот можете да најдете на официјалната веб-страница на Европската награда за литература (EUPL):