IETM Global Connect 2027 – Отворен повик

By lidija , 6 Октомври, 2026
IETM Global Connect 2027 – Отворен повик

IETM — Меѓународната мрежа за современи изведувачки уметности, објави повик за пријавување за IETM Global Connect 2027, иницијатива во рамки на која ќе бидат избрани 10 професионалци од областа на изведувачките уметности со најмалку пет години професионално искуство.

Повикот е отворен за продуценти, уметници, менаџери, програмски уредници и други професионалци од секторот, од целиот свет, кои работат во области како: театар, циркус, улични уметности, танц, мимика, музички театар, нови медиуми и интердисциплинарни практики.

Апликантите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • да работат во областа на современите изведувачки уметности;
  • да имаат најмалку пет години професионално искуство во областа;
  • да работат како вработени во организација или како самовработени/фриленс професионалци;
  • да покажат конкретна посветеност кон еднаквост, инклузија, разновидност и одржливост преку својата работа;
  • да имаат доволно познавање на англиски јазик за активно учество на состаноци и активности;
  • да можат да патуваат во Ларнака, Кипар, од 25 до 28 мај 2027 година и, доколку е потребно, навремено да аплицираат за соодветна виза;
  • да не се актуелни членови на IETM и да не се поранешни учесници во програмата IETM Global Connect.

При изборот, покрај исполнувањето на основните услови, ќе се земат предвид и мотивацијата на кандидатот, неговото познавање и поврзаност со локалниот контекст, влијанието на неговата работа во заедницата, иновативните практики и моделите што ги развива, како и начинот на кој членството во IETM би придонело за неговиот професионален развој во следните пет години. 

Избраните професионалци ќе добијат бесплатно петгодишно членство во мрежата IETM, за периодот од 2027 до 2031 година. Членството овозможува учество на средбите и активностите на организацијата, нови можности за професионално вмрежување, размена на искуства и пристап до програми за обука.

Во рамки на програмата се предвидени и онлајн сесии за градење заедница, кои ќе се одржуваат од јануари до мај 2027 година, со цел учесниците да се запознаат, да разменат искуства и полесно да се интегрираат во мрежата.

Предвидена е и финансиска поддршка за учество на Генералното собрание на IETM во 2027 година, кое ќе се одржи во Ларнака, Кипар, од 25 до 28 мај.

IETM Global Connect има за цел да го поттикне разменувањето искуства и да ја зајакне меѓународната соработка во секторот на изведувачките уметности. Во претходните изданија на програмата беа избрани вкупно 64 професионалци.

Краен рок за пријавување: 15 октомври 2026 година.

Повеќе информации за повикот може да најдете на официјалнта веб страница на IETM: 

https://www.ietm.org/en/projects/ietm-global-connect/apply-to-the-call