ZMINA:Resilience – Онлајн Matchmaking сесија, 14 октомври

By lidija , 6 Октомври, 2026
ZMINA:Resilience – Онлајн Matchmaking сесија, 14 октомври

Проектот ZMINA:Resilience објави покана за учество на онлајн Matchmaking сесија, која ќе се одржи на 14 октомври 2026 година, со цел да ги поврзе уметничките и културните организации од земјите учеснички во програмата Креативна Европа кои бараат партнери за подготовка на заеднички проектни апликации.

Сесијата е наменета за уметнички и културни организации од земјите учеснички во Креативна Европа кои планираат да аплицираат на отворените повици на ZMINA:Resilience https://zmina.eu/en/. Организациите од Украина и земјите учеснички на Креативна Европа ќе имаат можност да воспостават потенцијални партнерства и да ги истражат можностите за соработка во рамки на отворените повици на ZMINA:Resilience.

Сесијата е особено релевантна за организации кои:

  • имаат проектна идеја и бараат партнери од други земји;

  • имаат експертиза, знаења или капацитети што можат да ги понудат како партнер;

  • сакаат да најдат проектна идеја на која би можеле да се приклучат;

  • сакаат да воспостават партнерства со украински и други европски културни организации.

На Matchmaking сесијата можат да учествуваат и организации кои имаат конкретна проектна идеја и бараат партнер, како и организации кои во моментот немаат развиена проектна идеја, но се заинтересирани да најдат можност за вклучување како партнер во проект на друга организација.

Организациите кои сакаат да ја претстават својата проектна идеја можат да остават информации за проектот, релевантни линкови и дополнителни детали при регистрацијата на официјалната платформа.

Повеќе информации за учеството на сесијата и линкот за регистрација можете да најдете на официјалната веб-страница на ZMINA:Resilience: 

https://platform.izolyatsia.org/en/events/zmina-resilience-matchmaking-session/

Онлајн сесијата ќе се одржи на 14 октомври 2026 година во 12:00 часот по средноевропско летно време, односно 13:00 часот по киевско време преку платформата Zoom.

За ZMINA:Resilience

ZMINA:Resilience е европски проект насочен кон развивање на меѓународната соработка и поврзување на украинскиот културен и креативен сектор со организации од земјите учеснички во програмата Креативна Европа. Проектот го спроведуваат IZOLYATSIA (Украина), Trans Europe Halles (Шведска) и Malý Berlín (Словачка) и е кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија. Во рамки на проектот се објавуваат повеќе повици за меѓународна соработка и поддршка на културни и уметнички проекти.

Повеќе информации за повиците на ZMINA:Resilience може да најдете на официјалната веб страна на проектот: https://zmina.eu/en/