Отворен повик - Циркулација на европски книжевни дела 2027 (CREA-CULT-2027-LIT)

By lidija , 26 Октомври, 2026
Отворен повик - Циркулација на европски книжевни дела 2027 (CREA-CULT-2027-LIT)

Програмата „Креативна Европа“ го објави повикот ,,Циркулација на европски книжевни дела“ 2027 (Circulation of European Literary Works - CREA-CULT-2027-LIT), наменет за поддршка на проекти што овозможуваат европските книжевни дела да достигнат нови читатели преку превод, објавување, дистрибуција и промоција во други земји.

 

За повикот за 2027 година се предвидени вкупно 5 милиони евра, а се очекува да бидат поддржани околу 40 проекти.

 

Финансиска поддршка

 

Проектите се поделени во три категории, според бројот на книжевни дела што ќе бидат преведени, објавени, дистрибуирани и промовирани:

 

- Проекти од мал обем: најмалку 5 книжевни дела, со грант до 100.000 евра.

- Проекти од среден обем: најмалку 11 книжевни дела, со грант до 200.000 евра.

- Проекти од голем обем: најмалку 21 книжевно дело, со грант до 300.000 евра (оваа категорија е наменета исклучиво за конзорциуми од најмалку две организации).

 

Стапката на кофинансирање од страна на Европската Унија е до 60% од вкупниот квалификуван буџет на проектот. Грантот се доделува во форма на паушален износ, утврден врз основа на проценетиот буџет и условите на повикот. 

 

Цели и приоритети на повикот

 

Повикот има за цел да ја зголеми меѓународната циркулација на европските книжевни дела, особено на дела напишани на помалку преведувани јазици, и да ја направи европската литература подостапна за поширока читателска публика.

 

Посебно внимание се посветува на:

 

  • Јазичната и културната разновидност – поттикнување на преводот и меѓународното претставување на европски книжевни дела од различни јазични и културни средини.

  • Читателската публика – зголемување на достапноста и видливоста на европската литература и поттикнување интерес за читање.

  • Соработката во книжевниот сектор – поврзување на автори, преведувачи, издавачи, дистрибутери, книжарници, библиотеки и организатори на книжевни настани.

  • Професионалниот статус на преведувачите – подобри услови за работа, правични хонорари и видливост на нивниот придонес во објавените изданија.

 

Повикот ги охрабрува и проектите што создаваат синергија со други иницијативи на програмата „Креативна Европа“ во книжевниот сектор, како што се ,,Европскиот ден на авторите“ и ,,Наградата на Европската Унија за литература“.

 

Во рамките на посебната поддршка за Украина, се охрабруваат проекти што придонесуваат за превод и циркулација на книги од и на украински јазик, вклучително и активности за достапност на украински книги за украинските бегалци и раселените лица.

 

Кои дела и активности се поддржуваат?

 

Секој проект мора да опфати најмалку пет европски книжевни дела  (проекти од мал обем) до најмногу 21 книжевно дело (проекти од голем обем) што ќе бидат преведени, објавени, дистрибуирани и промовирани.

 

Квалидикуваните дела се од областа на белетристиката, меѓу кои:

 

- романи и раскази;

- поезија;

- театарски и радио-драми;

- книжевна репортажа;

- стрипови;

- литература за деца и млади.

 

Делата може да бидат објавени во печатен или дигитален формат, вклучително и како е-книги и аудиокниги.

 

Авторите треба да бидат поврзани со земја учесничка во програмата „Креативна Европа“ преку своето државјанство или местото на живеење, или да бидат признати како дел од книжевното наследство на таа земја. По правило, предложените дела не треба претходно да биле преведени на целниот јазик, освен кога постои оправдана потреба од нов превод.

 

Проектите треба да содржат јасна стратегија за издавање, дистрибуција и промоција, со активности што ќе овозможат делата да стигнат до поширока читателска публика.

 

Бидејќи квалитетот на книжевниот превод и професионалниот ангажман на преведувачите се меѓу приоритетите на повикот се препорачува меѓу 20% и 30% од вкупниот проектен буџет да бидат наменети за хонорарите на преведувачите. Оваа препорака се однесува на книжевниот жанр роман.

 

Кој може да аплицира?

 

Право на аплицирање имаат правни лица од јавниот или приватниот сектор кои се активни во издаваштвото и книжевниот сектор и се основани во земја учесничка во програмата „Креативна Европа“.

 

Апликациите може да се поднесат:

 

- од една организација;

- во партнерство со други квалификувани организации, односно преку конзорциум.

 

За проектитите од голем обем задолжително е учеството на најмалку две организации.

 

Важно за преведувачите: поединечни преведувачи не можат самостојно да аплицираат за овој грант. Тие се вклучуваат како професионалци ангажирани во проектите на квалификуваните организации, а нивната работа, договорите и хонорарите треба соодветно да бидат опфатени во проектната документација.

 

Максималното времетраење на проектите: 36 месеци.

 

Рок и начин на аплицирање

 

Краен рок за поднесување на апликациите е 27 јануари 2027 година, до 17:00 часот по средно европско време.

 

Апликациите се поднесуваат исклучиво електронски преку порталот на Европската комисија Funding & Tenders. 

 

Заинтересираните организации кои до сега не учествувале на европски проект треба навреме да ја регистрираат својата организација во Participant Register на следниов линк

 

Официјални информации и документи

 

Документ за повикот за 2027 година: 

https://ec.europa.eu/info/funding-tenders/opportunities/docs/2021-2027/crea/wp-call/2027/call-fiche_crea-cult-2027-lit_en.pdf

 

Funding & Tenders Portal – повик CREA-CULT-2027-LIT:

https://ec.europa.eu/info/funding-tenders/opportunities/portal/screen/opportunities/topic-details/CREA-CULT-2027-LIT?isExactMatch=true&status=31094501,31094502&programmePeriod=2021%20-%202027&frameworkProgramme=43251814&order=DESC&pageNumber=1&pageSize=50&sortBy=sortStatus

 

MEDIA Database: Упатство за внесување книжевни дела за повикот CREA-CULT-2027-LIT

https://drive.google.com/file/d/1pe36BZAjROnLEPp8aMWXJXnV0Xzg6Q9M/view

 

Циркулација на европските книжевни дела – Европска комисија: 

https://culture.ec.europa.eu/cultural-and-creative-sectors/books-and-publishing/circulation-of-european-literary-works

 

Информативна онлајн сесија 

 

Заинтересираните организации можат да дознаат повеќе за условите и можностите на повикот преку онлајн информативната сесија организирана од Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA), која ќе се одржи на 17 ноември 2026 година. 

 

Повеќе информации се достапни на официјалната веб-страница на EACEA на следниов линк

 

Дополнителни можности: Повик за експерти од книжевниот сектор

 

Се охрабруваат стручни лица со релевантно искуство и експертиза во книжевниот сектор да се регистрираат во базата на експерти на Европската комисија. По регистрацијата, заинтересираните лица треба да ја известат надлежната служба преку функционалната електронска адреса за повикот „Циркулација на европски книжевни дела“ (LIT).

 

Регистрацијата се врши преку порталот на Европската комисија за работа како експерт

Work as an expert | EU Funding & Tenders Portal