Отворен повик за резиденции за инструменталисти и пејачи во рамките на проектот АРТЕМИС

By lidija , 28 Октомври, 2026
Отворен повик за резиденции за инструменталисти и пејачи во рамките на проектот АРТЕМИС

Проектот АРТЕМИС (ARTEMIS), поддржан од програмата „Креативна Европа“ обединува 10 меѓународни организации од музичкиот сектор. Неговата цел е да ја зачува, пренесува и промовира практиката за свирење на инструменти од минатото, истовремено поддржувајќи ги младите уметници од Европа и од соседните земји во развојот на нивните европски и меѓународни кариери.

Проектните активности се реализираат во четири центри, од кои секој има своја уметничка програма:

  • Медитерански центар – 2026: Медитеранот во операта
  • Северен центар – 2027: 200 години од Лудвиг ван Бетовен
  • Атлантски центар – 2027: Нов свет со Дворжак
  • Источен центар – 2028: Француската опера во XIX век

Во моментов е отворен повик за пријавување за Северниот центар, кој ќе се реализира во 2027 година. Уметничката програма ја истражува темата „1827–2027: Лудвиг ван Бетовен и Европа“ и опфаќа:

  • Хорска резиденција за пејачи од Украина, Литванија, Латвија, Естонија и Полска, од 24 февруари до 3 март 2027 година, во Литванската академија за музика и театар во Вилнус, Литванија.
  • Оркестарска академија што ќе ги обедини инструменталистите и хорските пејачи, од 28 март до 5 април 2027 година, во Лиепаја, Латвија.

Младите музичари ќе работат заедно со музичари од Оркестарот на Шанзелизе (Orchestre des Champs-Élysées), под диригентско водство на Филип Херевеге и ќе подготват музичка програма што ќе биде заокружена со завршен концерт во концертната сала „Great Amber“ во Лиепаја, Латвија.

Повеќе информации за повикот и формуларот за пријавување се достапни на следниов линк

 

Партнери на проектот се: Оркестарот на Шанзелизе (Orchestre des Champs-Elysées) во Поатје, Франција; Група болници на Универзитетот Сорбона (Sorbonne University Hospital Group) во Париз, Франција; Музичката академија „Арте“ (Arte Music Academy) во Никозија, Кипар; Високиот институт за музика во Тунис (Higher Institute of Music of Tunis) во Тунис, Тунис; Отворена опера Украина (Open Opera Ukraine) во Киев, Украина; Концертната сала „Голем килибар“ (Great Amber Concert Hall) во Лиепаја, Летонија; „Еборе музика“ (Eborae Musica) во Евора, Португалија; Центарот „Курсал“ (Centro Kursaal) во Сан Себастијан, Шпанија; ФАМЕС (FAMES) во Скопје, Северна Македонија, и Ерменскиот национален театар за опера и балет (Armenian National Opera and Ballet Theatre) во Ереван, Ерменија.