На 29 октомври 2026 година, во рамките на Генералната асемблеја на меѓународната мрежа за драма и превод „Еуродрам“, се одржа панел-сесијата „Драмски текстови преку границите: криза, отпорност и зајакнување“, на која се дискутираше за улогата на драматургијата и преводот во време на кризи, како и за нивниот потенцијал да поттикнат отпорност, културна размена и зајакнување на поединците и заедниците.
Дискусијата ги отвори прашањата за влијанието на војните, политичките репресии и миграциите врз театарската уметност, но и за нејзината улога како простор на отпор, критичко размислување и општествен ангажман. Беше истакнато дека, и во услови на загрозена безбедност, ограничена слобода и неизвесна општествена иднина, драмските автори продолжуваат да творат, обработувајќи теми од личниот и општествениот живот.
Учесниците се осврнаа и на значењето на преводот и меѓународната културна размена, особено за авторите кои творат на помалку застапените јазици. Беше нагласена улогата на програмата „Креативна Европа“ во поддршка на преводот и објавувањето како и во поттикнувањето на меѓународната соработка, развојот на партнерства и циркулацијата на европските книжевни и драмски дела.
На сесијата учествуваа координаторите на Украинскиот, Грузискиот и Арапскиот комитет на „Еуродрам“, претставник од македонскиот театарски/издавачки сектор и претставник на Канцаларијата на Креативна Европа МК. Панелот го модерираше Елизабет Шустер, театарска кураторка и координаторка на Германскиот комитет на „Еуродрам“.
Панел-сесијата беше организирана во партнерство со Министерството за култура и туризам и Канцеларијата на Креативна Европа МК.