IN SITU: Отворен повик за уметнички проекти во јавен простор

By lidija , 5 Ноември, 2026
IN SITU: Отворен повик за уметнички проекти во јавен простор

Европската платформа IN SITU која е посветена на развој и промоција на уметничко творештво во јавен простор објави нов отворен повик за млади и афирмирани уметници во подем, уметнички двојки и колективи кои работат на проекти во развој и сакаат да ги претстават пред меѓународна публика. Проектите треба да бидат осмислени за изведба во јавни простори или на неконвенционални локации и да имаат потенцијал за реализација во текот на летото 2028 година.

Критериуми за квалификуваност

Предлог - проектите мора да ги исполнува следниве пет услови:

Проекти наменети за јавен простор. Се поддржуваат предлози за уметнички продукции наменети за изведба во јавен простор или на неконвенционални локации.

Уметници во подем. За да се квалификуваат како уметници во подем, кандидатите треба да исполнуваат најмалку два од следниве критериуми: иновативни форми на уметничко претставување во јавен простор, ограничена меѓународна видливост и припадност на новата генерација уметници кои работат во јавен простор.

Проекти во развој. Се прифаќаат проекти кои веќе ја надминале почетната фаза на разработка на идејата, но сè уште не се премиерно изведени ниту се претставени на гостувања.

Географски опфат. Право на учество имаат уметници, уметнички двојки и колективи кои живеат во земјите учеснички во програмата „Креативна Европа“.

Англиски јазик: Од учесниците се бара основно познавање на англискиот јазик и способност за едноставна разговорна комуникација, бидејќи тој е главен работен јазик на програмата.

Каква поддршка обезбедува програмата?

Избраните 60 уметници ќе добијат можност да учествуваат во програмата IN SITU PLATFORM, која нуди професионална поддршка преку:

- Онлајн обуки, менторство и размена на искуства.

- Промоција на проектите и поголема видливост на европската уметничка сцена.

- Шестдневна меѓународна лабораторија со работилници, едукативни активности и можности за професионално поврзување.

За учеството во меѓународната лабораторија е предвиден хонорар од 1.500 евра по учесник. Организаторите покриваат и патни трошоци до 300 евра за авионски превоз, како и сместување и оброци. Кај уметничките колективи, најмногу двајца членови ќе можат да учествуваат во лабораторијата.

Во подоцнежната фаза, околу 10 избрани проекти ќе добијат дополнителна поддршка преку продукциски резиденции, со цел нивен понатамошен развој и реализација.

Програмата ќе заврши со настанот FOCUS, кој ќе се одржи во летото 2028 година, во рамките на фестивалот La Strada во Грац, Австрија. На настанот ќе бидат претставени уметнички проекти развиени и копродуцирани со поддршка на IN SITU.

Рок и начин на пријавување

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 9 декември 2026 година, а резултатите од изборот се очекуваат кон крајот на февруари 2027 година.

Пријавувањето се врши онлајн, преку официјалната апликациска форма.

Повеќе информации за повикот можете да најдете на официјалната веб страница на IN SITU: https://www.in-situ.info/

Корисни линкови:

- Официјален повик – IN SITU Open Call #3: https://www.in-situ.info/open-call-3

- Формулар за аплицирање: https://form.jotform.com/262783691249369

- Прашања и одговори за повикот (Q&A): https://www.in-situ.info/q-a-section

Онлајн информативни средби

За сите заинтересирани уметници, тимот на IN SITU организира две онлајн информативни средби на кои ќе бидат презентирани условите за учество, критериумите за избор и начинот на пријавување.

  • 17 ноември 2026 година, во 14:30 часот (по средноевропско време)

Линк за регистрација:

https://us02web.zoom.us/meeting/register/8mR25_W9TqOMEkKk2x4VhA#/registration

  • 26 ноември 2026 година, во 12:30 часот (по средно европско време)

Линк за регистрација:

https://us02web.zoom.us/meeting/register/ic_qlD_XQdy_gxa9XpljdA#/registration

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и да се регистрираат преку официјалните канали на IN SITU.

 

IN SITU е европска платформа предводена од француската организација Lieux Publics, која обединува културни организации и партнери од повеќе европски земји. Платформата е кофинансирана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и има за цел да ја зголеми видливоста и меѓународната циркулација на современото европско уметничко творештво, поттикнувајќи нови уметнички форми и активна соработка со урбаните простори и локалните заедници.