CARTOON Springboard е годишен настан за претставување (pitching) и тренинг-настан за европската анимациска индустрија, кој од 2015 година го организира Европската асоцијација на продуценти на анимација – CARTOON. Настанот е наменет за млади таленти кои сакаат да го претстават својот прв анимациски проект пред меѓународна публика составена од професионалци од индустријата и да добијат повратни информации од искусни експерти. Во 2026 година, настанот ќе се одржи од 4 до 6 ноември во Мадрид, Шпанија.
Што нуди CARTOON Springboard?
Во текот на тридневната програма, учесниците со проект ќе го претстават својот анимациски проект во рамки на 30-минутна пичинг-сесија пред меѓународна публика составена од продуценти, дистрибутери, телевизиски куќи, креативни експерти и професионалци од областа на лиценцирањето. По презентацијата следува директна повратна информација за силните страни на проектот, неговите предизвици и подготвеноста за пласман на пазарот.
Програмата вклучува и:
- воведни предавања (keynotes) и мастерс-класови;
- теми посветени на анализа на целната публика, бизнис-модели, креативен развој и нови алатки во анимациската индустрија;
- студии на случај и искуства од индустриски експерти;
- индивидуални состаноци (one-to-one meetings);
- можности за професионално вмрежување.
Проекти претставени на CARTOON Springboard во изминатите години подоцна продолжиле со развој на Cartoon Forum, Cartoon Movie и Cartoon Next.
Кој може да аплицира?
- Млади таленти со проект;
- Дипломирани студенти по анимација или аудиовизуелни медиуми, најмногу пред пет години (лето 2021 г. или подоцна);
- Државјани на европска земја или лица кои студираат во земја учесничка во програмата „Креативна Европа – потпрограма МЕДИА“;
- Задолжително познавање англиски јазик, бидејќи презентациите и комуникацијата се одвиваат исклучиво на англиски јазик.
Млади таленти без проект може да учествуваат како слушатели на пичинг-сесиите, предавањата и на другите активности доколку ги исполнуваат истите критериуми.
Професионалци од индустријата – продуценти, дистрибутери, телевизиски куќи и други професионалци – исто така, може да присуствуваат на настанот.
Прифатливи формати на проекти:
- ТВ-специјал (минимум 26 минути);
- ТВ-серија или веб-серија;
- долгометражен анимиран филм (минимум 60 минути);
- мултиплатформски анимациски проекти;
- краткометражни филмови не се прифаќаат.
Важни рокови
31 јули 2026 година – рок за аплицирање за стипендија;
26 август 2026 година – рок за поднесување проект;
до 11 септември 2026 година – известување за избраните учесници;
18 септември 2026 година – регистрација за учесници со проект;
14 октомври 2026 година – регистрација за учесници без проект;
4 – 6 ноември 2026 година – одржување на CARTOON Springboard во Мадрид.
Котизација
302,50 евра (со ДДВ) – за млади таленти со проект (вклучени три ноќевања);
302,50 евра (со ДДВ) – за млади таленти без проект (сместувањето не е вклучено);
400 евра + ДДВ – за професионалци од индустријата.
Стипендии
За учесници од одредени земји, меѓу кои: Албанија, Бугарија, Грузија, Хрватска, Полска, Романија, Србија, Тунис, Украина и други учеснички на Креативна Европа, достапна е стипендија која ги покрива трошоците за акредитација, сместување за три ноќевања и рефундација на патните трошоци до 100 евра.
Рокот за аплицирање за стипендијата е 31 јули 2026 година.
Повеќе информации и пријавување на проектите се достапни на: