Во тек е повикот на „Еуропа Синемас“ (Europa Cinemas) за поднесување апликации за нови киносали заинтересирани да се приклучат кон мрежата. На повикот може да аплицираат кина од земји учеснички во потпрограмата „МЕДИА“ на Креативна Европа, доколку нивната програмска политика ги исполнува целите и критериумите утврдени со правилата на мрежата.
Една од главните новини во ова издание е тоа што евалуацијата на апликациите ќе се врши врз основа на кинопрограмата реализирана во периодот јули 2025 – јуни 2026 година, односно целогодишната активност. Избраните кина ќе станат дел од мрежата со ретроактивно дејство од 1 јануари 2026 година.
Постапката за аплицирање започнува со доставување писмо за интерес до националниот координатор на „Еуропа Синемас“, заедно со основни информации за киното и организацијата што управува со него.
По првичната проверка, заинтересираните кандидати ќе добијат пристапни податоци за заштитениот дел од порталот на „Еуропа Синемас“ (Europa Cinemas), каде што ќе треба да ја поднесат целосната онлајн апликација.
Повикот е отворен и за кината од Северна Македонија, како земја учесничка во потпрограмата „МЕДИА“ на Креативна Европа, доколку ги исполнуваат условите за членство во мрежата.
Повеќе информации за критериумите за аплицирање и процесот на пријавување се достапни на официјалната веб-страница на „Еуропа Синемас“ (Europa Cinemas):
https://www.europa-cinemas.org/en/news/network-highlights/2026-applicat…