Отворен е повикот за учество на „Green Film Lab – Rome 2026“, професионална работилница за филмски и телевизиски професионалци посветена на примена на одржлива практика во аудиовизуелната продукција.
Програмата е дел од „TorinoFilmLab“ (TFL) и се реализира со поддршка од „Креативна Европа – МЕДИА“, во организација на „Museo Nazionale del Cinema“ и „Trentino Film Commission“, во соработка со „Green Film“, „ACE Producers“, EAVE и „Ecoprod“.
„Green Film Lab“ има цел да ги запознае професионалците од филмската индустрија со средства и методологии за намалување на влијанието врз животната средина за време на снимањето преку примена на „Green Film Rating System“, кој вклучува развој на план за одржливост и процес на сертификација на аудиовизуелни проекти.
Пријавувањето е отворено до 18 септември 2026 година. Работилницата ќе се одржи од 21 до 23 октомври 2026 година во Рим, Италија, а работен јазик е англискиот.
Повикот е наменет за:
• филмски и телевизиски професионалци вклучени во развој, претпродукција и продукција на проекти кои сакаат да ги унапредат своите знаења за одржливо снимање;
• продуценти, продукциски менаџери, оперативни продуценти (line producers), режисери, сценаристи и други членови на продукциски тимови;
• професионалци кои работат како „green managers“ или имаат искуство во областа на еколошкиот менаџмент и сакаат да ги применат своите знаења во аудиовизуелниот сектор;
• претставници на филмски фондови, филмски комисии и филмски институции заинтересирани за одржливи практики во продукцијата.
Кандидатите можат да се пријават на два начина:
• со проект – тим од двајца професионалци кои работат на долгометражен филм или серија во напредна фаза на развој/продукција;
• без проект – професионалци кои сакаат да стекнат знаења и вештини за одржлива продукција.
Кандидатите треба:
• да имаат професионално искуство во филмската или во телевизиската индустрија;
• да имаат добро познавање на англискиот јазик бидејќи работилницата, материјалите и комуникацијата се на англиски јазик;
• да бидат целосно достапни за учество во тридневната програма.
Котизација и стипендии
Котизацијата за учество изнесува 300 евра (+ ДДВ доколку е применливо) по учесник.
Организаторите обезбедуваат обука и ручеци за време на работилницата, додека патните трошоци и сместувањето се на товар на учесниците.
Достапни се и ограничени можности за стипендии преку партнерите ACE Producers, EAVE и Ecoprod.
Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на TorinoFilmLab:
https://torinofilmlab.it/labs/green-film-lab/green-film-lab---rome-2026