Водич „Get Trained 2026“
За професионалците од аудиовизуелниот и гејминг-секторот достапен е водичот „Get Trained 2026“ на програмата Креативна Европа - МЕДИА, кој на едно место обединува 75 програми за обука во различни области од секторот.
Водичот нуди разновидни можности за професионално усовршување и е наменет за професионалци во различни фази од нивната кариера. Обуките се одржуваат на англиски јазик и се насочени кон унапредување на техничките, креативните и менаџерските знаења и вештини.
Програмите се поделени во пет главни области:
Развој на идеи и проекти
Продукција и постпродукција
Менаџмент и правни прашања
Технологија и иновации
Маркетинг и дистрибуција
Водичот опфаќа програми за обука кофинансирани преку Креативна Европа – МЕДИА, кои се реализираат во различни европски земји во организација на специјализирани организации и институции од секторот.
Покрај можноста за стекнување нови знаења и практични вештини, обуките отвораат простор за размена на искуства, поврзување со професионалци од Европа и создавање нови меѓународни контакти и можности за соработка.
Заинтересираните можат да го разгледаат водичот „Get Trained 2026“ и да ги изберат програмите што најмногу одговараат на нивните професионални интереси и потреби, како и навреме да ги проверат условите и роковите за пријавување.
Водич „Get Funded“
Покрај водичот „Get Trained“, достапен е и водичот „Get Funded“, кој нуди преглед на главните можности за финансирање во аудиовизуелниот и гејминг-секторот.
Во него се собрани информации за отворени повици, услови за аплицирање, критериуми за подобност и целите на различните програми и мерки за финансиска поддршка.
Водичите „Get Trained“ и „Get Funded“ претставуваат корисни ресурси за професионалците и организациите кои сакаат да ги следат можностите за професионален развој, меѓународна соработка и финансиска поддршка во европскиот аудиовизуелен и гејминг-сектор.
Водичот „Get Trained 2026“ е достапен [тука].
Водичот „Get Funded“ е достапен [тука]