MIDPOINT Feature Launch 2027: Отворен повик за развој на филмски проекти
Отворен е повикот за MIDPOINT Feature Launch 2027, меѓународна програма посветена на развој на филмски сценарија и проекти. Програмата е наменета за креативни тимови составени од сценаристи, режисери и продуценти, при што режисерот треба да работи на својот прв или втор долгометражен филм. Тимот може да брои најмногу три учесници.
Иако повикот е отворен за кандидати од целиот свет, посебно внимание се посветува на Централна и Источна Европа и на европските копродукции. Проектите надвор од Европа треба да покажат јасна намера за реализација на копродукција со европска земја.
Како се одвива програмата?
Во првата фаза ќе бидат избрани околу 20 проекти за онлајн сесија за развој и повратни информации. Тимовите ќе имаат индивидуални консултации со искусни ментори од областа на продукцијата и развојот на сценарија, со фокус и на креативните и на практичните аспекти на проектите.
Од овие девет проекти ќе бидат избрани за целосната програма Feature Launch 2027. Избраните тимови ќе работат на развој на стратегии за финансирање, маркетинг, продажба, дистрибуција и презентација на проектите, во соработка со искусни професионалци од европската и меѓународната филмска индустрија.
Програмата завршува со јавна презентација на проектите и networking-средби во рамките на Karlovy Vary International Film Festival, што им овозможува на учесниците да ги претстават своите проекти пред релевантни професионалци и потенцијални партнери.
MIDPOINT Feature Launch 2027 е отворен и за кандидати од Северна Македонија, доколку ги исполнуваат условите на повикот.
Можности за стипендија: MIDPOINT обезбедува ограничен број делумни стипендии, првенствено за учесници од земји со низок продукциски капацитет и за кандидати во специфични околности. Стипендиите не се загарантирани, а MIDPOINT ги охрабрува кандидатите паралелно да побараат поддршка и од национални или локални извори на финансирање.
Рокот за аплицирање е 19 октомври 2026 година.
Повеќе информации за повикот, условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната страница на MIDPOINT:
https://www.midpoint-institute.eu/en/detail/midpoint-feature-launch-2027-7CbDOS