Онлајн сесии: МЕДИА и Меѓусекторска

By vladimir , 8 Октомври, 2026
Онлајн сесии: МЕДИА и Меѓусекторска | 12–15 октомври

Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA) при Европската комисија, од 12 до 15 октомври 2026 година, организира серија онлајн информативни сесии посветени на процесот и условите за аплицирање во рамките на новите повици за 2027 година за потпрограмите МЕДИА и Меѓусекторска на програмата „Креативна Европа“.

Сесиите се наменети за професионалци и организации од аудиовизуелниот и филмскиот сектор кои се заинтересирани да се запознаат со тековните повици, критериумите за аплицирање и практичните аспекти на подготовката на проектни предлози.

Распоред за информативните сесии

  • Понеделник, 12 октомври 2026 | 14:00–17:00 часот (бриселско време)

TV and Online Content

Сесијата ќе ги претстави можностите за поддршка на развој и продукција на телевизиски и онлајн аудиовизуелни содржини.

  • Вторник, 13 октомври 2026 | 14:00–17:00 часот (бриселско време)

European Film Distribution

Информативна сесија посветена на можностите за поддршка на европската филмска дистрибуција и циркулацијата на европски филмски дела.

  • Среда, 14 октомври 2026 | 10:00–13:00 часот (бриселско време)

European Slate and Mini-slate Development

Сесијата ќе се фокусира на можностите за поддршка на развојот на европски филмски проекти преку slate и mini-slate модели.

  • Четврток, 15 октомври 2026 | 14:00–17:00 часот (бриселско време)

European Film Sales

Презентација на можностите за финансирање поврзани со европската филмска продажба и меѓународната циркулација на аудиовизуелни дела.

Информации за учество

За секоја од сесиите е достапен линк за приклучување, како и известување за заштита на личните податоци на официјалната веб страница на организаторот.

https://www.eacea.ec.europa.eu/news-events/events/online-info-sessions-creative-europe-media-and-cross-sectoral-2027-2026-10-12_en

Заинтересираните организации и професионалци се охрабруваат да ги следат сесиите и навремено да се информираат за можностите за финансирање во рамки на Креативна Европа МЕДИА и Меѓусекторската потпрограма за 2027 година.