По вторпат, повикот lim² 2027 е отворен за поширок спектар на проекти и професионални профили, нудејќи две можности за обука и развој – Online и On-site Програми. Двете програми имаат за цел да им помогнат на филмските автори во развојот на нивните проекти уште од најраните фази.
Оnline-програмата lim² ќе поддржи околу 50 проекти за прв, втор или трет долгометражен игран филм. Програмата вклучува онлајн мастерклас, работни сесии посветени на развојот на проектите, пристап до меѓународната мрежа на lim², комуникациска поддршка и можности за професионално поврзување за време на меѓународни филмски фестивали. Учеството во онлајн-програмата е бесплатно.
On-site програмата lim² ќе поддржи 16 проекти за прв, втор или трет долгометражен игран филм. Програмата опфаќа три еднонеделни резиденцијални работилници во Бретања, Франција, онлајн средби и континуирана поддршка во развојот на проектите, како и lim² meet – специјално креиран професионален настан за поврзување на учесниците со филмски професионалци од Европа.
На повикот можат да аплицираат сценаристи-режисери кои го развиваат својот прв, втор или трет долгометражен игран филм, работат на проект во рана фаза на развој и сакаат дополнително да го унапредат. Право на аплицирање имаат автори кои потекнуваат од или живеат во земја-членка на Eurimages, земја-учесничка во програмата Креативна Европа МЕДИА, како и во Обединетото Кралство.
Повикот е наменет и за автори со искуство во театарот, документарниот филм или визуелните уметности, кои сè уште немаат режирано игран филм, но имаат проект за долгометражен игран филм.
Повикот за lim² 2027 е поддржан од Креативна Европа МЕДИА.
Рок за пријавување: 14 октомври 2026 година, до 23:59 часот (средно европско време)
Повеќе информации за повикот и начинот на аплицирање, може да најдете на официјалната страница на повикот:
https://lim-lessismore.eu/the-lim%c2%b2-2027-call-for-projects-is-open/