Отворен е повикот за третото издание на Training Boot Camps, иницијатива на Europa Cinemas, поддржана од програмата Creative Europe MEDIA. Програмата е воспоставена во 2024 година и има цел да поддржи обуки, работилници и други активности за развој на професионалните вештини во кино-секторот.
Секој Boot Camp се креира локално, од страна на членовите на мрежата и за нивните потреби, со цел обуките да одговорат на конкретните предизвици со кои се соочуваат професионалците во одреден регион.
Проектите ги координира член на мрежата Europa Cinemas, кој е одговорен за организацијата и реализацијата, додека Europa Cinemas обезбедува финансиска поддршка и го следи спроведувањето согласно правилата на програмата.
Кој може да учествува?
Предложениот Boot Camp треба да опфати најмалку осум учесници од најмалку три различни членки на мрежата Europa Cinemas. Доколку една членка управува со повеќе кина, таа се смета како еден учесник за потребите на овој услов.
Во активностите можат да бидат вклучени и кинооператори кои не се членови на Europa Cinemas, под услов да биде исполнет минималниот број на членови на мрежата.
На што треба да се фокусираат обуките?
Главната цел е практично унапредување на знаењата и вештините на професионалците во кино-секторот, особено во области каде што постојат локални или регионални потреби.
Релевантни теми се:
дигитални вештини и нови технологии;
комуникација и социјални медиуми;
развој на млада публика;
програми за лојалност и управување со публика;
анализа на податоци за публиката;
маркетинг стратегии;
одржливост и еколошки практики;
лидерство и тимска работа;
проектен менаџмент;
разновидност и инклузија;
иновативни бизнис-модели;
организација на настани и фестивали.
Фокусот треба да биде на практично учење и конкретни решенија. Конференции, индустриски средби и активности кои се базираат исклучиво на теоретски дискусии не се подобни за поддршка.
Рок и реализација
Training Boot Camps се реализираат во текот на 2026 година, а апликациите можат да се поднесуваат во рамките на отворениот повик. За секоја активност апликацијата треба да биде поднесена најмалку 10 недели пред нејзината реализација.
За активностите што ќе се одржат во 2026 година, крајниот рок за аплицирање е 22 октомври 2026 година.
Повеќе информации за повикот можете да најдете на официјалнта веб страница на Europa Cinemas:
https://www.europa-cinemas.org/uploads/Boot%20Camps/BOOT%20CAMPS%20Guidelines%20EN%202026.pdf