Отворен е повикот за пријавување проекти за CPH:FORUM 2027, долгогодишна меѓународна платформа за финансирање и копродукција, посветена на креативни документарни проекти со изразен визуелен пристап и меѓународен потенцијал. CPH:FORUM се одржува во рамки на CPH:DOX во Копенхаген, а следното издание ќе се одржи од 16 до 18 март 2027 година.
CPH:FORUM е наменет за документарни проекти во различни фази на развој и продукција, со потенцијал за меѓународна соработка. На платформата, продуценти и реномирани режисери од целиот свет ќе ги претстават 30 внимателно избрани проекти – долгометражни документарни филмови и серии кои се движат на пресекот меѓу документарното, фикцијата, визуелната уметност, новинарството и науката.
Покрај презентациите на проектите, CPH:FORUM нуди подготовка за питч, како и внимателно курирани индивидуални средби меѓу тимовите кои ги претставуваат проектите, потенцијалните копродукциски партнери и заинтересираните финансиери и дистрибутери. Платформата ги поврзува авторите и продуцентите со професионалци од меѓународната филмска индустрија, вклучувајќи финансиери, радиодифузери, дистрибутери и продажни агенти.
CPH:ROUGHCUT
Како дел од програмата, по третпат ќе се одржи и CPH:ROUGHCUT, наменет за пет меѓународни проекти во rough-cut фаза. Презентациите ќе се одржат на 15 март 2027 година, во рамки на Индустриската недела на CPH:DOX.
CPH:ROUGHCUT е наменет за проекти кои бараат дистрибутери, продажни агенти, купувачи, фестивалски премиери и други можности за меѓународна дистрибуција и прикажување.
Можности за филмски професионалци
Покрај проектните платформи, CPH:DOX секоја година пречекува и делегации на документарни и филмски професионалци од различни земји. За нив се организираат специјално курирани настани за вмрежување и менторски програми, во соработка со националните филмски институции и здруженија.
CPH:DOX е европски филмски настан кој се реализира со поддршка од Креативна Европа МЕДИА, програмата на Европската Унија за аудиовизуелниот сектор.
Краен рок за поднесување на проектите е 3 ноември 2026 година.
Повеќе информации за условите, начинот на пријавување и официјалниот повик се достапни на веб-страницата на CPH:DOX: