International Film Festival Rotterdam (IFFR) објави отворен повик за учество во Rotterdam Lab 2027, меѓународна петдневна работилница наменета за продуценти на почетокот на нивната професионална кариера. Rotterdam Lab 2027 ќе се одржи во Ротердам, Холандија, во рамките на International Film Festival Rotterdam (IFFR) 2027 од 28 јануари до 7 февруари 2027.
Rotterdam Lab им овозможува на младите и перспективни продуценти да ги развиваат своите знаења и вештини во областа на меѓународната филмска продукција, копродукцијата, финансирањето, продажбата, маркетингот и дистрибуцијата, како и да воспостават нови професионални контакти.
Отворен повик
Повеќето учесници во Rotterdam Lab се избираат преку партнерските организации на IFFR. Покрај нив, за изданието во 2027 година се отвора можност за до пет дополнителни места преку меѓународниот отворен повик.
Повикот е наменет за продуценти од Африка, регионот на Блискиот Исток и Северна Африка (MENA), како и од европски земји со низок продукциски капацитет кои во моментов не се застапени преку партнерските организации на IFFR.
Северна Македонија е меѓу европските земји со низок продукциски капацитет наведени во повикот, што значи дека продуцентите од земјата можат да аплицираат доколку ги исполнуваат и останатите услови.
На повикот можат да учествуваат кандидати кои:
имаат продуцирано најмалку два краткометражни филма;
моментално да работат на својот прв или втор долгометражен филм;
имаат интерес за меѓународна копродукција;
сакаат да ја прошират својата меѓународна професионална мрежа и јасно да ја образложат потребата за тоа.
Можат да аплицираат независни продуценти, продуценти кои работат во сопствени компании, фриленсери, како и помлади продуценти кои работат во продукциски компании. Нема возрасно ограничување.
Програмата обезбедува:
учество во Rotterdam Lab;
шест ноќевања во хотел;
акредитација за CineMart;
пристап до професионални состаноци, networking активности и настани во рамките на IFFR Pro;
до 20 фестивалски проекции;
можност за запознавање и поврзување со продуценти и професионалци од меѓународната филмска индустрија.
Патните трошоци до и од Ротердам не се покриени. За избраните учесници, IFFR може да обезбеди официјална покана потребна за визна постапка.
Краен рок за аплицирање: 26 октомври 2026 година, до 23:59 часот (средноевропско време)
Објавување на резултатите: до средината на ноември 2026 година.
Повикот е поддржан со финансиска поддршка од Креативна Европа МЕДИА.
Повеќе информации за повикот повикот и апликацијата – Rotterdam Lab 2027 можета да најдете на официјалната веб страница: https://iffr.com/en/blog-rotterdam-lab-2027-open-call