Дали го водите вашиот документарен проект под влијание на FOMO (Fear of Missing Out – стравот дека нешто ќе пропуштите)? Дали ви е тешко да го пронајдете вистинскиот наративен фокус за вашата приказна? Дали како документарни филмаџии снимате премногу материјал? Дали ви е тешко да објасните за што всушност станува збор во вашата приказна? Како да ја оптимизирате нејзината видливост и полесно да допрете до публиката?
Еден од начините да се изгради атрактивен проект е да се открие неговото универзално јадро. Во ова предавање за раскажувањето приказни во документарниот филм, Ове Ришој Јенсен ќе ве води низ пет суштински прашања што ќе ви помогнат многу попрецизно да определите што барате.
Овој фокус ќе ви биде од голема корист при пишувањето на описите на вашиот проект, подготовката на презентацијата на проектот (pitch), снимањето материјал и работата на монтажата. Петте прашања ќе ви помогнат појасно да разберете каква приказна раскажувате и како публиката полесно да ја открие.
Детали за настанот
📅 Датум: четврток, 22 октомври 2026 година, од 11:00 до 12:30 часот
💻 Локација: онлајн, преку Zoom
🗣️ Јазик: англиски
🎟️ Учество: бесплатно
⏰Краен рок за пријавување: 21 октомври 2026 година, до 12:00 часот напладне
Линкот за пристап до Zoom ќе им биде испратен на сите пријавени учесници попладнето на 21 октомври.
Настанот го организираат канцелариите на програмата Креативна Европа МЕДИА од Унгарија, Северна Македонија и Словенија, во соработка со „Paradiddle Pictures“.