На 22 ноември 2026 година ќе се одржи 11-тото издание на European Arthouse Cinema Day, кое ќе обедини околу 660 кина во повеќе од 45 земји во меѓународна прослава на европскиот филм и кино-искуството.
Иницијативата е организирана од Меѓународната конфедерација на арт-кина (CICAE), во соработка со националните здруженија на арт-кина и со поддршка на програмата „Креативна Европа МЕДИА“. Целта е да се промовира разновидноста на европската кинематографија и да ја истакне улогата на кината во прикажувањето на европските филмови и развојот на публиката.
Во иницијативата можат да учествуваат и кината од Северна Македонија. Секое кино има можност да креира програма според својот профил и интересите на публиката, вклучувајќи специјални проекции, средби со филмски автори, дискусии, семејни проекции, ретроспективи и други активности.
Учеството овозможува пристап до бесплатни онлајн работилници, меѓународна комуникациска кампања, промотивни материјали, ресурси за подготовка на програмата и меѓународна мрежа на кина посветени на промоцијата на европскиот филм.
Регистрацијата е бесплатна, а секое кино самостојно одлучува како ќе учествува, во согласност со своите можности и потребите на публиката. Единствениот услов е програмата да вклучува најмалку еден европски копродукциски филм.
Заинтересираните кина можат да се приклучат на иницијативата и да ја искористат можноста за промоција на европската кинематографија и поврзување со меѓународната кино-заедница.
Датум на одржување: 22 ноември 2026 година.
Повеќе информации за иницијативата и начинот за пријавување може да најдете на официјалната веб страница на European Arthouse Cinema Day: https://artcinemaday.org/en/index-relaunch