Започна работилницата „DocCelerator“!

By vladimir , 20 Октомври, 2026
🎬 Започна работилницата „DocCelerator“!

Онлајн работилницата „DocCelerator“ за обука на авторски тимови на документарни проекти, организирана во соработка со „Paradiddle Pictures“ и канцелариите на „Креативна Европа“ од Унгарија, Северна Македонија и Словенија, во периодот од 20 до 21 октомври 2026 година, им овозможува на авторите на следниве шест документарни проекти да работат на развој на своите дела под менторство на Џефри Смит и Ове Ришој Јенсен:

✨ Brain Brothers (Унгарија) / Герго Шомоѓвари, Јудит Фест

✨ Highways of Hope (Унгарија) / Алекса Бакони, Рита Балог, Патрик Хам

✨ Floral Cleats (Северна Македонија) / Александра Кардалевска

✨ Soske (Северна Македонија) / Кристијан Ристески, Илија Тирицовски

✨ Areole (Словенија) / Барбара Капељ

✨ The Obstacle is the Way (Словенија) / Зоран Џевердановиќ, Маја Зупано

 

Воедно ги потсетуваме сите заинтересирани, дека по завршувањето на дводневната работилница со шесте селектирни проекти, следниот ден на 22 октомври (четврток), од 11.00 до 12.30 часот,  ќе се одржи уште една работилница која е отворена за сите заинтересирани автори на документарен филм, на тема „DocCeleratorTalk: FOMO филмско творештво - и како да го избегнете“.

Линк за пријавување !!!