Отворен е повикот за пријавување на Регионалната лабораторија за копродукција на документарни филмови „Interaction: DocuConnect Balkans“ - нова програма за развој на документарни проекти наменета за автори во подем од Западен Балкан.
Програмата е наменета за филмски автори од: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, а има цел да го поттикне развојот на документарни проекти, на регионалната соработка и на копродукцијата.
Повеќе информации за програмата, менторите, критериумите за учество и за начинот на пријавување можете да прочитате [ТУКА].
Регионалната лабораторија за копродукција на документарни филмови „Interaction: DocuConnect Balkans“ е кофинансирана од Фондот за Западен Балкан (WBF) и од Европската Унија, во рамките на заедничката акција „WBF–EU Joint Action“. Програмата ја спроведува „IFC Filmart“ во партнерство со „FusionACT Centre“ (Албанија), Здружението за визуелна култура „Визарт“ (Босна и Херцеговина), „Кинематика“ – Скопје (Северна Македонија) и НВО „Montenegro Film Festival /Underhill Festival“ (Црна Гора).