Perform Europе - Вебинар: Успешни приказни од Балканот

By vladimir , 21 August, 2026
Отворен повик за Perform Europе - Вебинар: Успешни приказни од Балканот

Ве известуваме дека во организација на Канцелариите на Креативна Европа од Србија,  Хрватска и Црна Гора, во соработка Канцелариите од Балканот, на 28 август (петок) 2026 година, со почеток во 11:00 часот (CET) ќе се одржи он-лајн вебинар посветен на отворениот повик на Perform Europe за 2026 година.

На вебинарот се поканети за учество уметниците, продуцентите, организациите од областа на изведувачките уметности, фестивалите, изведувачките простори и другите културни професионалци (со исклучок на оние од областа на музиката).

Учесниците ќе имаат можност да добијат практични информации за актуелниот повик Perform Europe,  директно од тимот на  Perform Europe, совети за подготовка на успешна апликација, како и можност добијат одговори на поставените прашања.

Посебен дел од вебинарот ќе биде посветен на успешни проекти од Балканскиот регион, преку кои учесниците ќе имаат можност да слушнат искуства и практични совети за развој на меѓународни партнерства, прекугранична соработка и одржливи модели на меѓународни гостувања и турнеи.

Успешни приказни од регионот

Проект: Body Landscapes: An Ecofeminist Perspective – проект предводен од романскиот Tangaj Collective, кој обединува девет партнери од Романија, Северна Македонија, Албанија, Србија, Хрватска, Словенија, Италија, Австрија и Унгарија. Преку меѓународната турнеја на танцовата претстава BLOT – Body Line of Thought, проектот истражува одржливи модели на гостувања, екофеминистички теми и пристапност во изведувачките уметности.

Проект: From the First Step: A Rooted Tour – проект кој ги поврзува партнерите од Црна Гора, Србија, Хрватска и Словенија преку модел на „вкоренето гостување“. Овој пристап им овозможува на уметниците подолг престој во локалните заедници и активно вклучување на публиката преку претстави, работилници и разговори. Во проектот учествуваат, меѓу другите, DS Prazan prostor од Црна Гора и UO LOFT од Хрватска, а проектот произлегува од регионалната платформа From the First Step, посветена на развојот на театарот за деца и млади во земјите од Западен Балкан.

Програма:

11:00 – Поздравно обраќање на Канцелариите на Креативна Европа

11:15 – Презентација на актуелниот отворен повик Perform Europe

11:45 – Практични совети за подготовка на апликација

12:00 – Успешни приказни од регионот

12:30 – Прашања и одговори

Линк за регистрација: 

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfjFVulKF09UDHN3tiNjbHn4unul9pCtKQUYBjO6RFEAUAZaQ/viewform

Вебинарот е бесплатен, но бројот на учесници е ограничен. Линкот за пристап ќе биде испратен до регистрираните учесници пред одржувањето на вебинарот.

Пријавете се навреме и дознајте од прва рака како да го искористите повикот Perform Europe за развој на меѓународни партнерства, соработка и одржливи модели на гостувања во Европа.